fbpx

СДСМ до Обвинителството достави 10.000 страници докази за „Пуч“ и за „Поткуп“

-

Повеќе од 10.000 страници материјални докази, кои содржат огромен број транскрипти од преслушувани разговори, СМС-пораки и телефонски броеви, денеска беа доставени од опозицискиот СДСМ до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за случаите „Пуч“ и „Поткуп“, а кои, како што изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, покажуваат дека од нивна страна немало „насилство кон претставници на највисоките државни органи, ниту шпионажа“ туку доказ за „насилство врз уставниот поредок на државата од Никола Груевски, Сашо Мијалков и од неколку други луѓе околу нив“.

– Бараме јавниот обивнител, штом ќе ги разгледа доказите, веднаш да ја запре конструираната постапка за „Пуч“ и да го прекине кривичниот прогон од криминалците, Груевски и неговите соработници. Во овој момент до Јавното обвинителство се даваат дел од доказите за таа масовна операција за нелегално прислушување. Останатите материјали и доказите ќе бидат доставени во соодветна фаза од правната постапка, но конечно сите докази кои се сопственост на Република Македонија, а се во рацете на опозицијата, ќе бидат доставени до соодветните државни органи штом се исполнат условите извршната власт да биде разделена од правосудната власт – изјави Заев.

Според лидерот на опозицијата, доказите што ги доставуваат до обнителството содржат:

  • повеќе од 100.000 разговори во транскрипти;
  • повеќе од 18.000 СМС-пораки во транскрипти;
  • повеќе од 12.000 различни телефонски броеви само во транскрипти;
  • докази дека повеќе од 20.000 граѓани се прислушувани во Република Македонија.

– Материјални докази доставуваме и за конкретните опреатори кои се вработени и го воделе системот на прислушување, телефонските броеви кои се цел во системот на прислушување, псевдоними на сопственици и на корисници на телефонските броеви, регистрација на локацијата на телефонските броеви, периодот на контрола и сл. Истовремено, доставуваме материјални докази од фазата на системот на контрола на комуникациите, сопственост на Министреството за внатрешни работи, кој се вика репродукација – рече Заев

Како што појасни лидерот на опозицијата, репродукацијата на содржината на снимените разговори, вкупно повеќе од 1.600 страници, биле материјали кои биле наменети за краен корисник, односно станува збор за материјали  во транскрипција, вршена анализа и репродукација од телефонски разговори од опозиционери, новинари, невладини ораганизации, интелектуалци, односно граѓани критички настроени кон власта.

До надлежното Обвинителство, рече Заев, се  доставени и 385 аудиоразговори кои досега ги објави опозцијата на своите прес-конференции.

– Доставивме уште тринаесет аудиоразговири кои досега не се објавени, но со нивното слушање се гледа кој тоа навистина прислушувал и како тоа се штител системот на контрола на комуникации – рече Заев и соопшти дека презентација на доказите што ги доставуваат  во постапките ќе направат во следните неколку дена во партиските простории на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...