сабота, 18 април, 2026
Meta.mk

Ознака: поткуп | 105 резултати

Под истрага 49 лица за злоупотреби во постапки за стекнување со право за туѓа нега и инвалидски пензии

април 24, 2025

По повеќемесечна предистражна постапка што се водела во рамки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера, Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар. Во акцијата од слобода се лишени 23 лица. Станува збор за […]

Истрага против директорот на Геријатрија, барал 100.000 евра за згрижување на пациент

април 9, 2025

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) информираше дека е донесена наредба за спроведување истрага против две лица за кривично дело Примање поткуп и помагање при извршување на кривичното дело. Првоосомничен во случајот е директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, кој се сомничи дека во периодот […]

Битолски хирург осомничен за примање поткуп, од син на пациентка побарал 150 евра за да се „почасти“

јануари 30, 2025

Јавното обвинителство соопшти дека поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело примање поткуп. Станува збор за хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола. Сомнението, според обвинителството, произлегува од фактот дека хирургот извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку […]

Приведен косовски државјанин, понудил поткуп на граница

октомври 4, 2024

Утрово околу 10:15 часот, на Граничниот премин Долно Блаце, полицијата лишила од слобода 55-годишен државјанин од Косово. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), тој управувал минибус на релација Косово – Грција и кога пристапил на пасошка контрола, поради тоа што нема сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му […]

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

јули 15, 2024

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С., Ф.Ѓ. и Д.Ј., полициски службеници во Полициска станица Центар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање […]

Приведен косовски државјанин поради давање поткуп

јуни 7, 2024

Поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, вчера околу 16 часот и 30 минути на Граничниот премин Долно Блаце, полицијата го привела 42-годишниот Б.П. од Косово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). При пасошка и гранична контрола на возило „опел зафира“ со косовски национални ознаки, кое приведениот го управувал, тој со документите дал и […]

Мерки на претпазливост за Иџет Мемети како второосомничен за примање поткуп

мај 23, 2024

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје одреди мерки за претпазливост на Иџет Мемети, член на Советот на јавни обвинители и поранешен народен правобранител, за случајот за наводно примање поткуп, во кој првоосомничен за примање награда за противзаконито влијание е врховниот судија Наке Георгиев. „На осомничениот му се опредлуваат мерки за претпазливост од […]

За врховниот судија Наке Георгиев 30 дена притвор, за Иџет Мемети се бараат мерки на претпазливост

мај 21, 2024

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30 дена притвор на врховниот судија Наке Георгиев, откако тој беше уапсен вчера, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, односно за делото примање награда за противзаконито влијание. „По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите […]

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

мај 21, 2024

Случајот со апсењето на врховниот судија Наке Георгиев следело по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираа од Јавното обвинителство. Георгиев е уапсен, а донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано […]

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

мај 21, 2024

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде одземен имунитетот. На новинарите не им беше дозволено да ја следат седницата, односно јавноста беше исклучена поради заштита на угледот и интегритетот на судијата. За исклучување […]

На Табановце приведен Грузиец, на граничарите им понудил поткуп од 20 евра

март 10, 2024

Полициски службеници вчера на преминот Табановце на границата со Србија привеле граѓанин на Грузија. 39-годишниот Р.Ш., при влез во државата, сторил кривично дело „нудење поткуп“. На граничниот премин дошол со патничко возило „Киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во документите за пасошка контрола што им ги приложил на службениците, ставил банкнота од 20 евра. Грузиецот […]

Приведен вработен во Државен пазарен инспекторат поради примање поткуп во радовишко

ноември 22, 2023

Инспектор вработен во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), инаку од радовишкото село Подареш, вчера бил лишен од слобода од страна на полицијата во Радовиш. Тој е приведен поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“. Инспекторот бил вработен во ДПИ во Одделението за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш. Тој вчера од […]

МВР: До 12 часот 39 отсто помалку нарушувања на изборниот процес во однос на лани

октомври 17, 2021

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека до 12 часот денеска има 39 отсто помалку нарушување на јавниот ред и мир во текот на гласањето во однос на парламентарните избори минатата година. Не се регистрирани посериозни нарушувања, а гласањето главно се одвива мирно и без проблеми. Од регистрираните инциденти, имало случај на изборен поткуп, агитации […]

Австрискиот канцелар Курц поднесе оставка поради вмешаност во корупциски скандал

октомври 10, 2021

Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка, откако беше вмешан во корупциски скандал, а неговото место ќе го презеде министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг. На прес-конференцијата синоќа, најави дека „неговата оставка е привремена и дека планира да се врати на функцијата кога обвинувањата на обвинителството ќе се покажат како неосновани.“ „Се повлекувам за да спречам […]

Приведена лекарка од Куманово под сомнеж дека земала по 12.000 денари поткуп за хируршки интервенции

септември 22, 2021

Полицијата денеска привела лекарка од Куманово со инцијали Е.С. под сомнение дека примала поткуп од 12.000 денари за хируршки интервенции во очното одделение во Општата болница во Куманово. Како што соопшти МВР, лекарката е осомничена дека ја злоупотребила својата службена положба и овластувања и дека и покрај тоа што пациентите биле осигурани преку Фондот за […]

ОЈО регистрираше 10 случаи на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии

јули 15, 2020

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето при Основното јавно обвинителство ја известува јавноста дека до 17.00 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности. „Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] на која граѓаните можат да пријават сомнение за […]

Обвинителство: Во неколку градови се вршеле агитации, се нудел поткуп во пари и ваучери за гориво

јули 15, 2020

Се вршела агитација со закани, лично или преку социјални мрежи за гласање за одредена политичка партија, се нуделе ваучери за гориво и пари, а имало и обид за гласање без важечка лична карта. Тоа се посочува во пристигнатите пријави за изборни нерегуларности, денеска до 13 часот, во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса [email protected]. […]

Вистиномер: СДСМ и медиумскиот сектор – солидни ветувања и по некој спин за оствареното

јули 8, 2020

Несомнено, слободата на медиумите и на правото на говор и на изразување е пошироко и помодерно разбрано во СДСМ, споредувајќи ги со ВМРО-ДПМНЕ, и тоа и во поглед на предизборните програми, но и во поглед на праксата. Сепак, покрај тие современи заложби и приципиелно добри ветувања, во програмата „Можеме“ се детектираат два-три спина околу реализираното […]

Рускоска: Камчев во исказот за споменува дека само го пријавил „Рекет“ кај Заев

август 27, 2019

Обвинителката Вилма Рускоска денеска информираше дека премиерот Зоран Заев бил споменат во исказот на бизнисменот Орце Камчев за предметот „Рекет“, но само еднаш и во поинаква конотација од она што беше објавено во дел од медиумите деновиве. – Заев не е споменат во исказот на Камчев, освен во делот дека кај него прво го пријавил […]

Катица Јанева во вторник ќе дава исказ за „Рекет“ кај Русковска

август 16, 2019

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е повикана да даде исказ за предметот „Рекет“ во обвинителството во вторник, во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи обвинителката Вилма Русковска. Сведочењето на Катица Јанева следува неколку дена по објавувањето на снимените разговори од италијанскиот весник „Ла Верита“, во кои се […]

Страна 1 од 6