fbpx
Таг: поткуп

таг: поткуп

Денеска почнува судскиот процес за случајот „Поткуп“ против Заев

Во Основниот суд Скопје 1, денеска  треба да почне судскиот процес во ккој обвинет е градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“. Заев, како градоначалник на Струмица е обвинет дека примил поткуп од 200.000 евра за да изврши легализација на државно земјиште. Обвинението против Заев, Основното јавно oбвинителство Скопје го поднесе во јуни минатата година.

Жител на Сарај им ја „расипа“ посетата на министрите на ДУИ

Жител на општина Сарај, денеска ги обвини министрите и  функционерите од партијата на Али Ахмети, ДУИ, дека барале поткуп и до 5.000 евра за вработување во државна институција, пренесува телевизијата „Шења“. Реакцијата на жителот на Сарај се случила за време на денешната посета на министрите за образование, Абдилаќим Адеми, за економија, Беким Незири, и на пратеникот и шеф на кабинетот...

Потврдено обвинението за поткуп против Заев

Советот за оцена на обвинителниот акт го потврдил обвинението за примање поткуп против лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „По одржано јавно рочиште за оцена на обвинителниот акт на 1 јули 2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од одбраната, по ценењето на фактите и на доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на...

Дебарчанец, со 50 евра, сакал да поткупи државни службеници

Дебарчанецот М.Х. (39) заработи кривична пријава од полициската станица од Дебар, поради постоење основи за сомневање дека дал поткуп. Пријавениот, на двајца вработени во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, им дал една банкнота од 50 евра, при контрола-супервизија на земјоделска површина посеана со пченка, луцерка и со граор, за кои пријавениот до Агенцијата имал поднесено...

Кривичниот суд го примил обвинението против Заев за примање поткуп

Скопскиот кривичен суд денеска потврди дека го примил обвинението против Зоран Заев за примање поткуп затоа што од струмичанец, наводно, побарал 200.000 евра за да заврши процес на приватизација на државно земјиште, пренесе телевизија „Телма“. Видеозапис со дел од таа средба беше објавен на „Јутјуб“. Обвинителството не се изјасни дали видеоснимката е дел од посебните истражни мерки и дали ќе...

Заев: Груевски си ја спасува кожата со пуштање снимки од ПИ-мерки

„Соочен со сопствениот очај, за да ја спаси својата кожа, Никола Груевски повторно ги крши Уставот и законите и денеска сме сведоци на уште едно незаконско објавување на дел од снимка добиена како посебна истражна мерка“, изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, а во врска со снимката што денеска се појави на видеосервисот „Јутјуб“, насловена „Зоран Заев бара мито“. Според Заев, снимката...

СДСМ до Обвинителството достави 10.000 страници докази за „Пуч“ и за „Поткуп“

Повеќе од 10.000 страници материјални докази, кои содржат огромен број транскрипти од преслушувани разговори, СМС-пораки и телефонски броеви, денеска беа доставени од опозицискиот СДСМ до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за случаите „Пуч“ и „Поткуп“, а кои, како што изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, покажуваат дека од нивна страна немало „насилство кон претставници на највисоките државни...

Приведен лекар од Клиниката за гинекологија во Скопје

Лекар-гинеколог и уште едно медицинско лице од Клиниката за гинекологија при Клиничкиот центар во Скопје денеска попладне биле приведени на сослушување во полиција, под сомневање за земање поткуп, пренесуваат медиумите. Идентитетот на гинекологот и на другото лице засега не се соопштуваат, а според првичните информации, тие, наводно, побарале поткуп од 20.000 денари за да породат трудница од внатрешноста со царски рез. Како...

Протекоа информации од исказите за аферата со поткуп во Грција

Во грчките медиуми протече целосниот исказ на поранешниот советник на Независни Грци, Јоргос Апостолопулос, кој е обвинет за обид за подмитување на пратеникот Павлос Хаикалис. Во својот исказ, Апостолопулос целосно отфрла одговорност за обвинувањата, истакнувајќи дека самиот Хаикалис, поради финансиски проблеми, се понудил да го поддржи кандидатот за претседател ако му биде обезбедена добра финансиска понуда. „Бев изненаден летото 2014 кога...

Полицаец од преминот Ќафасан осомничен за примање поткуп

Раководител на смена во полициската станица на граничниот премин Ќафасан е осомничен дека од двајца странски државјани побарал и примил поткуп од 50 евра, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за полицискиот службеник Љ.П. (43) од Тетово, против кого е поднесена кривична пријава за примање поткуп. Според полицијата, осомничениот полицаец на 6 декември од двајца албански државјани, кои патувале...

Фрацузин се обидел да поткупи полицаец, добил две години условна казна

Француски државјанин вчера бил приведен на граничниот премин Меџитлија, на македонско-грчката граница, откако се обидел да поткупи полицаец, ставајќи 20 швајцарски франци во пасошот што го дал за контрола. Според полицијата, станува збор А.К. (39), кој се обидел да го поткупи полицаецот за да му дозволи да влезе во Македонија со своето воизло за кое немал зелен картон. Полицијата, против него,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...