fbpx

ОЈО регистрираше 10 случаи на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии

-

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето при Основното јавно обвинителство ја известува јавноста дека до 17.00 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности.

„Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] на која граѓаните можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, пристигнаа вкупно 10 известувања за настани случени денеска, во тек на гласањето. Поголемиот дел од нив се однесуваат на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии. Две од известувањата се однесуваат на лица кои го сликале сопственото гласачко ливче при остварување на правото на глас,“ се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство (ОЈО).

Комисијата продолжува со натамошна координација на основните јавни обвинителства кои се организирани со дополнителни дежурства на јавните обвинители и постапуваат итно, преземајќи дејствија за расчистување на настаните и утврдување на фактите.​

Нема докази дека ковид вакцините се причина за зголемување на мозочните и срцевите удари

Наспроти тврдењето во постот нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат какви било компликации кои би довеле до трипати зголемен број на срцеви удари или петкратно зголемување на мозочните...
Download Premium WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
free online course
download micromax firmware
Download Nulled WordPress Themes
free online course