петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: избори 2020 | 80 резултати

Обврските во однос на изборите од 15 јули во фокусот на работењето на ААВМУ во третиот квартал

септември 25, 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска го одржа јавниот состанок преку видеоконференциска врска, на кој се презентираа спроведените активности согласно Годишната програма за работа на ААВМУ. Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски ги презентираше резултатите и активностите на Агенцијата во текот на третиот квартал. Во однос на одржаните парламентарни избори на 15 јули, […]

ЗНМ: Истрагата на ОЈО за изборното рекламирање да е транспарентна и неселективна

септември 17, 2020

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага за платеното политичко рекламирање од последните избори во дел од онлајн медиумите кои беа пријавени во Државната изборна комисија на последните избори. Според ОЈО и објавите на медиумите за овој случај, се проверува документацијата во […]

Истрагата на ОЈО и МВР за политичките реклами на дел од порталите предизвика реакции од партиите

септември 16, 2020

Политичките партии од власта и опозицијата и дел од интернет порталите кои се вклучени во истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи излегоа со реакции во јавноста. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека сето рекламирање на нивната партија било транспарентно и законски. Тие сметаат дека власта […]

ОЈО и МВР ќе проверуваат три фирми за сомнеж дека пред избори отвориле портали за политичко рекламирање

септември 16, 2020

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи изутринава спроведoa координирана акција, при што е одземена документација од три фирми за кои постои основано сомнение дека во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање, информираат од таму. Надлежен […]

ААВМУ ќе го анализира медиумското прикажување на жените – кандидатки на изборите за време на кампањата

септември 11, 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе изработи анализа на родовите прашања и претстави за време на изборната кампања со акцент на прикажувањето и третманот на жените – кандидатки/претставнички на учесници во изборната кампања. Станува збор за редовно годишно истражување на различни теми за родот во медиумите што се изработува од 2012 година, […]

Алсат-М и Македонско радио со казни, Телма куртули од судска казна за известувањето за време на изборите

септември 3, 2020

Основниот кривичен суд и Апелациониот суд во Скопје делумно ги прифатија прекршочните постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги поднесе против медиумите за нивното известување за време на изборната кампања и во периодот на изборниот молк на парламентарните избори што се одржаа на 15 јули. Апелациониот суд ја прифати жалбата на […]

Зоран Заев од Оливер Спасовски утрово ја презеде функцијата претседател на Владата

август 31, 2020

Новиот премиер Зоран Заев денеска во Владата официјално ја презеде функцијата од досегашниот технички премиер Оливер Спасовски, информираат од владината прес-служба. Претседателот на Владата, Зоран Заев заблагодарувајќи се на досегашниот премиер Оливер Спасовски и на членовите на преодната Влада за успешната работа во изминатите девет месеци, истакна дека оваа Влада храбро и успешно се справи […]

Со 62 гласа „ЗА“, Собранието ја избра новата влада на премиерот Зоран Заев

август 30, 2020

Со 62 пратенички гласа „ЗА“, Собранието на РСМ вечерва ја избра новата влада предводена од Зоран Заев. На седницата присуствуваа 115 пратеници, од кои 113 пратеници се одлучија да го дадат својот глас. Против предложениот состав на новата влада гласаа 51 пратеник. Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери им го честиташе изборот на министрите […]

Велосипед во македонските возови и понатаму не може да се превезе, „На Точак“ со петиција

август 9, 2020

Граѓанската иницијатива „На Точак“ пред парламентарните избори ја започна петицијата #МојатаЦрвенаВелоЛинија, со која на политичарите (пратеници и членови на извршната власт) им поставија 10 конкретни барања за унапредување на велосипедскиот сообраќај во земјава. Меѓу нив, на високото четврто место се наоѓа барањето Македонски железници да овозможат превоз на точаци во возовите низ земјава. Онлајн петицијата […]

ААВМУ бара казни од 4.000 евра за Алсат-М и Шења за неизбалансирано известување во кампањата

август 5, 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против телевизиите Алсат-М и Шења, бидејќи спротивно од одредбите во Изборниот законик при известувањето за изборната кампања не обезбедиле избалансирано покривање на изборниот процес во дневно-информативните и во посебните информативни емисии во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати […]

Конституирано Собранието – потврдени мандатите на новите 120 пратеници

август 4, 2020

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се верификуваа мандатите на сите 120 пратеници, со што се избра новиот парламентарен состав. Во салата Голема купола на Собранието, со пеење на македонската химна, на пладне започна првата седница на новиот парламентарен состав, на која од вкупно 120, присутни беа 117 пратеници. […]

Политичките реклами на „Можеме“ доминирале на телевизија, „Обнова“ најмногу се вртела на радио (инфографик)

август 1, 2020

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ доминирала во емитувањето на политички реклами на телевизиите за време на изборната кампања, додека коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ свртела најмногу политички реклами на радио-станиците. Ова го покажува Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите за време на кампањата за изборите на 15 јули, којшто Агенцијата за аудио […]

На 4 август ќе се одржи конститутивната седница на Собранието

јули 29, 2020

Претседателот на Собранието, Tалат Џафери го потпиша Решението за свикување на Првата – Конститутивна седница, која ќе се одржи на 4 август, со почеток во 12 часот во Големата сала на Собранието, односно во салата позната во јавноста како Голема купола, информираат од Собранието. „Со оглед на новонастанатата состојба со пандемијата Ковид-19 и во согласност […]

ЗНМ: Директорот на АВМУ непрофесионално етикетира медиуми

јули 28, 2020

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во изминатите неколку недели внимателно ја следеше работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во делот на постапување против радиодифузерите за евентуални прекршувања на правилата предвидени во Изборниот законик. На барање, пак на дел од медиумите против кои беа поведени постапки за прекршување на изборен молк, […]

Обвинителството влезе во ДИК, ќе утврдува дали имало криминал при набавката на софтверот

јули 28, 2020

Во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска по допрен глас влезе Основното јавно обвинителство за организиран криминал, за да утврди дали имало кривично дело при спроведувањето на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција. При извршениот претрес е одземена тендерската документација, со која треба да се утврди дали се почитувани законските постапки при […]

Јавните пари за политички реклами го влошија медиумското известување за изборите

јули 28, 2020

Набљудувачката мисија на ОБСЕ за предвремените избори што се оддржaа на 15 јули во Северна Македонија има сериозни забелешки за начинот на известување на медиумите во текот на изборната кампања. „На медиумското известување за изборите му недостасуваше критички осврт на платформите, а одредбите во врска со платеното политичко рекламирање ги фаворизираа трите најголеми партии“, стои […]

ААВМУ бара прекршочна постапка против „Алсат-М“ и „Шења“, не информирале балансирано за изборната кампања

јули 28, 2020

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми на 29. седница го разгледа Извештајот од изборното медиумско претставување за време на Предвремените парламентарни избори 2020 година. „Во таа насока Советот заклучи против телевизиите „Алсат-М“ и „Шења“ да се покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд бидејќи спротивно на членот 75 став 1, а во врска со […]

Села и Гаши побараа да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците

јули 28, 2020

Kоалицијата на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива на вчерашниот „Марш за демократија“ во Скопје порачаа дека ДУИ не е победник на овие избори и нема легитимитет да го застапува албанскиот народ во Северна Македонија. Оттука, лидерите на двете партии Зијадин Села и Африм Гаши во обраќањето пред делегацијата на ЕУ од маршот упатија две […]

ДИК ги соопшти конечните официјални резултати од одржаните парламентарни избори

јули 25, 2020

Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница денеска ги соопшти конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули. Едногласно од сите членови на ДИК беше усвоен предложениот заклучок за објавување на конечните резултати, откако Управниот суд вчера ги одби сите 185 тужби кои политичките партии ги поднесоа за одржаните избори. […]

Управниот суд ги одби сите 185 тужби што политичките партии ги поднесоа за изборите

јули 24, 2020

Управниот суд ги одби сите 185 тужби што политичките партии ги поднесоа за изборите и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија (ДИК). По изготвување на одлуките, тие јавно ќе бидат објавени на веб-страната на Управниот суд. „Денешните јавни расправи по поднесените тужби од политичките партии: ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција Обнова на Македонија, Единствена Македонија и […]

Страна 1 од 4