ААВМУ ќе го анализира медиумското прикажување на жените – кандидатки на изборите за време на кампањата

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе изработи анализа на родовите прашања и претстави за време на изборната кампања со акцент на прикажувањето и третманот на жените – кандидатки/претставнички на учесници во изборната кампања. Станува збор за редовно годишно истражување на различни теми за родот во медиумите што се изработува од 2012 година, а кое годинава ќе ги опфати програмските содржини на националните телевизии за време на изборната кампања за изборите што се одржаа на 15 јули годинава.

„Се покажа сериозна потреба да се направи длабинска квантитативна и квалитативна анализа и на програмите на радиодифузерите, која ќе даде јасни показатели за тоа дали има стереотипи и предрасуди во претставувањето на кандидатките/претставничките на учесниците во изборна кампања за време на изборите“, посочуваат од ААВМУ.

Со претстојното истражување ќе се анализираат централните дневно-информативни емисии, интервјуата и дебатите организирани во текот на 19 дена од изборната кампања, а коишто биле емитувани на МРТ 1, МРТ 2, Алсат-М на албански јазик, Алфа, Канал 5, Сител и Телма. Воедно, ќе се истражи аспектот на прикажувањето и претставувањето на жените и мажите во делот на платеното политичко рекламирање во време на изборната кампања.

ААВМУ кон крајот на годинава или на почетокот на 2021 година ќе одржи настан на кој ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето, за кое до 18 септември е отворена тендерска постапка за доставување на понуди до ААВМУ од заинтересирани страни што би можеле да го изработат истражувањето.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...