fbpx

Досудени 5.200 евра казни на дел од медиумите за известување во изборната кампања и изборниот молк

-

Дел од националните телевизии и радио станици од Основниот кривичен суд-Скопје се казнети со вкупно 5.200 евра за неизбалансирано известување за време на изборната кампања, како и за непочитување на изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули годинава. ААВМУ најново објави дека и телевизија „Шења“ добила вкупна казна од 1.600 евра (1.200 евра за правното лице и 400 евра за одговорното лице) поради неизбалансирано покривање на изборната кампања.

ТВ „Шења“ е казнета затоа што во време на изборната кампања во вестите од 18:55 часот наместо да известува за сите учесници во изборната кампања, телевизијата информирала само за четири од вкупно 15 учесници на парламентарните избори.

Ова е трет медиум за кој Основниот кривичен суд-Скопје ја прифати прекршочната постапка покрената од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) по досудените глоби од 1.000 евра на Алсат-М (800 евра за правното лице и 200 евра за одговорното лице) за неизбалансирано известување во изборната кампања и по казната од 2.600 евра за првиот програмски сервис на Македонското радио – ЈП МРТ (2.000 евра за правното лице и 600 евра за одговорното лице).

Во објавениот Преглед на прекршочни постапки на веб-страницата на ААВМУ може да се најде и ослободителната пресуда на Алсат-М во однос на прекршочната постапка од ААВМУ за прекршување на изборниот молк. Скопскиот суд ја ослободил Алсат-М од одговорност за емитувањето на изјава на министерот за здравство Венко Филипче во периодот на изборен молк, на истиот начин како што претходно и телевизија Телма беше ослободена од одговорност. Сепак, ААВМУ поднела жалба пред Апелациониот суд за ослободителната пресуда за Алсат-М.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...