fbpx

Зоран Заев од Оливер Спасовски утрово ја презеде функцијата претседател на Владата

-

Новиот премиер Зоран Заев денеска во Владата официјално ја презеде функцијата од досегашниот технички премиер Оливер Спасовски, информираат од владината прес-служба.

Претседателот на Владата, Зоран Заев заблагодарувајќи се на досегашниот премиер Оливер Спасовски и на членовите на преодната Влада за успешната работа во изминатите девет месеци, истакна дека оваа Влада храбро и успешно се справи со здравствено-економската криза предизвикана од ковид-19.

Во такви сложени услови, успешно беа организирани и спроведени фер и демократски избори и избрана новата Влада.

Заев подвлече дека државата продолжи со реформските процеси и следствено на тоа сега е горда членка на НАТО Алијансата и ја остварува зацртаната ЕУ перспектива по добивањето на одлуката за почеток на преговорите со Европската Унија.

Посакувајќи му успешна работа на функцијата министер за внатрешни работи, премиерот Заев на Спасовски му посака плодна соработка и продолжување на совладување на предизвиците во ресорот, како и активно учество во работата на Владата во донесување на политики од интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Со 62 пратенички гласа „ЗА“, Собранието на РСМ вчера вечер ја избра новата влада предводена од премиерот Зоран Заев. На седницата присуствуваа 115 пратеници, од кои 113 пратеници се одлучија да го дадат својот глас. Против предложениот состав на новата влада гласаа 51 пратеник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...