fbpx
Таг: избори 2020

таг: избори 2020

Пендаровски: Не е битно кој ќе победи, очекувам учесниците да си подадат рака

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на предвремените избори за пратеници во Собранието гласаше на избирачкото место 2489. „Според достапните информации од првата половина од изборниот ден, гледам дека сè се одвива во рамките на законските прописи и во една демократска и мирна, толерантна атмосфера. Она што е значајно и е специфика за овие избори, а според мене, би требало да остане...

Инклузива: Пропусти при гласањето на лица со попреченост и почитувањето на здравствениот протокол

Набљудувачите на Здружението Инклузива известија за пропусти при пристапноста на гласачките места и гласањето за лицата со попреченост. Забележано било и непочитување на протоколите за заштита од ковид-19. „Беше забележано неносење или неправилно користење на заштитни маски и ракавици од страна на избирачки одбори на 15 гласачки места, неодржување на физичко растојание на 21 гласачко место, непроветрување на просторот и...

ДИК: До 19 часот гласале 45,74 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 19 часот гласале 45,74 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список. Притоа, највисока излезност е регистрирана во четвртата изборна единица, каде до 19 часот гласале 53,22 отсто од гласачите. Веднаш по неа, следи третата изборна единица, каде одѕивот на гласачите до 19 часот е 51,51 отсто, по што следуваат првата изборна единица со...

Фотографирање на ливчиња и физичка пресметка регистрирало МВР на некои гласачки места

Министерството за внатрешни работи (МВР) досега регистрирало неколку изборни прекршоци во текот на денешниот изборен ден низ земјава. Полицијата регистрирала фотографирање на гласачките ливчиња на избирачките места бр.0537 во Дебар, 0755 во село Осој, општина Кичево и 2909 во Скопје. Против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. Исто така, нарушување на јавен ред и мир имало во...

ААВМУ: И првата програма на Македонското радио вчера го прекршила изборниот молк

Во рамките на својот изборен мониторинг, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), констатираше дека вчера, 14 јули, Првиот програмски сервис на Македонско радио во неколку дневноинформативни изданија емитуваше прилози за активности на Министерството за внатрешни работи за спречување потенцијален криминал поврзан со изборниот процес, во кои е емитувана изјава од прес-конференција на носител на функција во органите...

ОЈО регистрираше 10 случаи на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето при Основното јавно обвинителство ја известува јавноста дека до 17.00 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности. „Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] на која граѓаните можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со...

ДИК: До 17 часот гласале 38,78 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 17 часот гласале 38,78 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список. Притоа, највисока излезност е регистрирана во четвртата изборна единица, каде до 17 часот гласале 43,99 отсто од гласачите. Веднаш по неа, следи третата изборна единица, каде одѕивот на гласачите до 17 часот е 43,85 отсто, по што следуваат првата изборна единица со...

До 15 часот гласале околу една третина од гласачите во избирачкиот список

Околу една третина од гласачите заведени во избирачкиот список излегле да гласаат до 15 часот, соопшти ДИК. Одѕивот на предвремените парламентарни избори до 15 часот на избирачките места на ниво на целата земја е 31,77 отсто. Од шесте изборни единици, највисока излезност е регистрирана во 3-та, односно 37,24 отсто. Идентична беше ситуацијата и со одѕивот на гласачите до 13 часот...

Во МВР пријавени 10 изборни инциденти од 11 до 12 часот, половината биле во Кочани

МВР соопшти дека во периодот од 11 до 12 часот денеска добило 10 пријави за изборни инциденти и нерегуларности. Половината од нив се во Кочани. Полицијата работи на утврдување на фактите. Во Полициското одделение Шуто Оризари, граѓанин пријавил дека негов сосед на улица „Гарсија Лорка“ ги зема другите соседи со своето патничко возило и ги убедувал да гласаат за политичка...

Обвинителство: Во неколку градови се вршеле агитации, се нудел поткуп во пари и ваучери за гориво

Се вршела агитација со закани, лично или преку социјални мрежи за гласање за одредена политичка партија, се нуделе ваучери за гориво и пари, а имало и обид за гласање без важечка лична карта. Тоа се посочува во пристигнатите пријави за изборни нерегуларности, денеска до 13 часот, во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса [email protected]. Настаните се пријавени во...

Четвртина од избирачите излегле да гласаат до 13 часот

Четвртина од гласачите регистрирани за предвремените парламентарни избори излегле на избирачките места во земјава до 13 часот за да ја искажат својата волја, покажуваат резултатите што ги соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Според нејзините статистики, излезноста на ниво на земјава до 13 часот е 24,61 отсто, додека од шесте изборни единици на кои е поделена нејзината територија, најголем е одѕивот...

Новаци (26,9%) и Вевчани (24,9%) со највисок одѕив до 11 часот, на ниво на држава гласале 15,5 отсто

Општина со највисок одѕив на гласачите до 11 часот е Новаци, со 26,89 отсто, следена од Гевгелија со 23,29 отсто, Прилеп со 22,07 отсто, па Демир Капија со 21,99 отсто, Македонски Брод со 21,86 отсто, а многу блиску е и Берово со 21,76 отсто. Четвртата изборна единица изби на првото место по излезност до 11 часот, со 18,55 отсто гласачи...

МВР регистрираше осум прекршувања на изборниот молк

За време на предизборниот молк, до 7 часот денеска, односно до отворањето на избирачките места, МВР регистрирало осум прекршувања на изборниот молк, од кои шест на подрачјето на СВР Скопје, еден на подрачјето на СВР Струмица, односно Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес. Како што соопшти МВР, во с. Виниче и с. Љубанци биле забележани закачени...

До 9 часот најголем одзив на гласачите во Аеродром – 10,6 отсто, на ниво на држава 6,7 отсто

Општина Аеродром, која е дел од првата изборна единица бележи највисок одзив на гласачите на денешните предвремени парламентарни избори - 10,6 отсто. Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК) за излезноста на гласачите на избирачките места во шесте изборни единици до 9 часот, најголема е излезноста во 1-та изборна единица, со 8,32 отсто излезност. Во оваа изборна единица што...

Обвинителство: Гласањето без нерегуларности засега, ноќеска инцидент со повредени во Дебреше

До овој момент, од почетокот на гласањето во Основните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса [email protected] нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со процесот на гласање, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. „Во текот на ноќта и предизборните денови пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања...

Во Охридскиот регион гласањето почна навреме и се одвива без проблеми

Во 7 часот утрово навреме беа отворени сите 89 избирачки места во Општина Охрид, каде правото на глас можат да го остварат 52.510 граѓани запишани во Единствениот избирачки список, информира Климент Камнароски, претседател на Општинската изборна комисија (ОИК) - Охрид. Од избирачкото место 1238, населба Видобишта, утрово информираа дека гласачкото место е навреме отворено, избирачкиот одбор е во полн состав,...

МОСТ: Гласањето почна навреме, досега се одвива без неправилности

Фото: Борче Поповски
Граѓанската асоцијација МОСТ на својата прва денешна прес-конференција за парламентарните избори соопшти дека на сите гласачки места каде што има нејзини набљудувачи, гласањето почнало навреме, се одвивало без неправилности и се почитувале сите протоколи, вклучително и оние за заштита од ковид-19. МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени...

ААВМУ: „Телма“ и „Алсат-М“ го прекршија изборниот молк, апел да се известува одговорно

Телевизиите „Телма“ и „Алсат-М“ го прекршија изборниот молк објавувајќи аудиовизуелни материјали за носител на функција во органите на власта кој воедно активно учествуваше во кампањата на еден учесник во изборниот процес, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), која прекршувањето го констатирала при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на изборниот...

„Порталб.мк“ ќе преземе мерки против порталите кои манипулираа со резултатите од предизборната анализа на Роберт Несими

Повеќе портали на албански јазик од земјава, ја злоупотребија во изборни цели за време на изборен молк анализата која „Порталб.мк“ традиционално секој изборен циклус ја објавува во соработка со експертот Роберт Несими, а се однесува на предвидување на резултатите на изборите. Иако „Порталб.мк“ ја објави оваа анализа пред почетокот на молкот, целосно спротивно на новинарските стандарди, најмалку 12 портали објавија...

Гласањето на болните, изнемоштените и лицата во Казнено-поправените установи се одвива непречено (мапа)

Гласањето на болните и изнемоштени лица како и луѓето што се сместени во Казнено-поправените установи се одвива непречено и без никакви проблеми, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, при посетата на гласачкото место во Домот за стари лица во Катланово. „Се надевам дека до крајот на денот нема да има никакви проблеми и дека овој ден ќе...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...