fbpx

ОЈО и МВР ќе проверуваат три фирми за сомнеж дека пред избори отвориле портали за политичко рекламирање

-

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи изутринава спроведoa координирана акција, при што е одземена документација од три фирми за кои постои основано сомнение дека во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање, информираат од таму.

Надлежен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција издал Наредба за проверка на фирмите.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави Известување според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност“, се вели во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО, информираат дека во насока на утврдување на наводите од Известувањето, во текот на утрово во координација со МВР е спроведена акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции.

Инаку, во предизборниот период, „Мета.мк“ направи преглед на дел од интернет – порталите коишто се пријавиле до ДИК за платено политичко рекламирање на претстојните избори. Меѓу нив, можеа да се најдат портали кои се отворени на почетокот од годинава, непосредно пред објавата на известувањето од ДИК дека сите медиуми ќе треба да се регистрираат за платено политичко рекламирање.

Анализата исто така покажа дека до веб – страниците на некои интернет – портали не можеше ниту да се пристапи во моментот на нашето пребарување. Некои од овие „медиуми“ имаат објавени текстуални содржини, но случајно или не, немаат вметнато датум на објава на нивните текстови, а дел од нив немаат импресум на сајтот.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...