fbpx

ДИК: До 17 часот гласале 38,78 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список

-

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 17 часот гласале 38,78 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список. Притоа, највисока излезност е регистрирана во четвртата изборна единица, каде до 17 часот гласале 43,99 отсто од гласачите.

Веднаш по неа, следи третата изборна единица, каде одѕивот на гласачите до 17 часот е 43,85 отсто, по што следуваат првата изборна единица со 41,07 отсто, петтата изборна единица со 38,21 отсто и втората изборна единица со 36,98 отсто. Најмала излезност до 17 часот е регистрирана во шестата изборна единица, каде ДИК регистрирал дека гласале 29,6 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список.

Ваквите податоци на ДИК за излезноста до 17 часот се од обработени 3.459 од вкупно 3.480 избирачки места.

Кога станува збор за излезноста по општини, рекордер е општина Новаци каде до 17 часот гласале 60,05 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список. Следува Крива Паланка, каде до 17 часот гласале 58,7 отсто од гласачите. Во Крушево до 17 часот гласале 57,14 отсто, додека во Вевчани 56,94 отсто од гласачите. По нив, следуваат општина Македонски Брод со излезност од 55,61 отсто од гласачите, како и Лозово со 55,53 отсто излезност на гласачите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...