понеделник, 16 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: гласачи | 134 резултати

Жестоко во Бугарија пред изборите: Глас се купува за 100-200 лева, најмногу пријави за ГЕРБ

30 септември 2022

Се нудат од 100 до 200 лева за глас на претстојните парламентарни избори во Бугарија в недела, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи (МВР). Најголем број пријави се за понуди од ГЕРБ и ДПС. До министерството изминативе денови стигнале 250 пријави за купување гласови, а обвинителството не прифатило 180 барања за истрага, пренесува бугарскиот новински […]

Обвинителството води постапки за пукања, кинење ливчиња, подмитување гласачи…

18 октомври 2021

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности на Јавното обвинителство, денеска ги презентираше случаите на изборни нерегуларности во текот на вчерашните локални избори, како и од претходно. Нерегуларностите се движат од агитација и поткуп на гласачи, преку кинења на ливчиња и оставање празни ливчиња на гласачки пулт, до закани и пукање. Комисијата на Јавното обвинителство соопшти […]

ДИК: Ќе се гласа до 19 часот и 30 минути

17 октомври 2021

„Иако беше предвидено избирачките места да бидат затворени во 19 часот, изборниот процес продолжува се додека не гласаат граѓаните кои се затекнати во објектите за гласање, односно до 19 часот и 30 минути“, соопшти на прес-конференција ретседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. „До сега излегле 49,29 проценти од избирачите заклучно со 18 часот […]

Даштевски: Лицата што ќе се затекнат во кругот на избирачките места ќе гласаат и по 19 часот

17 октомври 2021

Поради застојот предизвикан од нефункционирање на некои од електронските читачи на отпечатоци од прст, Државната изборна комисија (ДИК), донела едногласна одлука секој што до 19 часот ќе биде во кругот на избирачкото место, вклучително и дворот на училиштата, градинките, или објектите во кои се врши гласањето, да може да го оствари своето гласачко право и […]

МВР: До 12 часот 39 отсто помалку нарушувања на изборниот процес во однос на лани

17 октомври 2021

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека до 12 часот денеска има 39 отсто помалку нарушување на јавниот ред и мир во текот на гласањето во однос на парламентарните избори минатата година. Не се регистрирани посериозни нарушувања, а гласањето главно се одвива мирно и без проблеми. Од регистрираните инциденти, имало случај на изборен поткуп, агитации […]

ДИК: Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,76 проценти

17 октомври 2021

Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,76 отсто, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Податоците се собрани од 2.519 гласачки места (72,39 отсто), а на гласање излегле 237.476 гласачи. Даштевски додаде дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј, а на 11 места […]

Пријави за изборни неправилности во Скопје, Амбасадата на САД добила пријава за „83 попречувачи со огнено оружје“

17 октомври 2021

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности на Јавното обвинителство соопшти за неколку пријави за изборни нерегуларности во Скопје, како и за пријава добиена преку Амбасадата на САД дека 83 криминалци добиле огнено оружје за да вршат изборни нерегуларности. Добиена е пријава дека засега непознати лица со две патнички моторни возила вршат изборен поткуп во Топаана […]

Вонредни локални избори за градоначалник, излезноста во Штип е 2,94 а во Пласница 7,37 отсто од запишаните гласачи

13 декември 2020

Два часа по отворањето на вкупно 77 гласачки места во Општината Штип, Општинската изборна комисија ги сумираше првичните податоци од излезноста на Вонредните локални избори за избор на градоначалник. До 9 часот своето право на глас го оствриле 2,94 проценти од запишаните гласачи, или 1.227 граѓани. Право на глас имаат 41.777 граѓани, запишани во Избирачкиот […]

ДИК: До 19 часот гласале 45,74 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список

15 јули 2020

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 19 часот гласале 45,74 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список. Притоа, највисока излезност е регистрирана во четвртата изборна единица, каде до 19 часот гласале 53,22 отсто од гласачите. Веднаш по неа, следи третата изборна единица, каде одѕивот на гласачите до 19 часот е 51,51 отсто, по што […]

ОЈО регистрираше 10 случаи на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии

15 јули 2020

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето при Основното јавно обвинителство ја известува јавноста дека до 17.00 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности. „Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] на која граѓаните можат да пријават сомнение за […]

ДИК: До 17 часот гласале 38,78 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список

15 јули 2020

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 17 часот гласале 38,78 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список. Притоа, највисока излезност е регистрирана во четвртата изборна единица, каде до 17 часот гласале 43,99 отсто од гласачите. Веднаш по неа, следи третата изборна единица, каде одѕивот на гласачите до 17 часот е 43,85 отсто, по што […]

До 15 часот гласале околу една третина од гласачите во избирачкиот список

15 јули 2020

Околу една третина од гласачите заведени во избирачкиот список излегле да гласаат до 15 часот, соопшти ДИК. Одѕивот на предвремените парламентарни избори до 15 часот на избирачките места на ниво на целата земја е 31,77 отсто. Од шесте изборни единици, највисока излезност е регистрирана во 3-та, односно 37,24 отсто. Идентична беше ситуацијата и со одѕивот […]

Обвинителство: Во неколку градови се вршеле агитации, се нудел поткуп во пари и ваучери за гориво

15 јули 2020

Се вршела агитација со закани, лично или преку социјални мрежи за гласање за одредена политичка партија, се нуделе ваучери за гориво и пари, а имало и обид за гласање без важечка лична карта. Тоа се посочува во пристигнатите пријави за изборни нерегуларности, денеска до 13 часот, во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса [email protected]. […]

Четвртина од избирачите излегле да гласаат до 13 часот

15 јули 2020

Четвртина од гласачите регистрирани за предвремените парламентарни избори излегле на избирачките места во земјава до 13 часот за да ја искажат својата волја, покажуваат резултатите што ги соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Според нејзините статистики, излезноста на ниво на земјава до 13 часот е 24,61 отсто, додека од шесте изборни единици на кои е поделена […]

ЦИВИЛ регистрираше 18 нови изборни нерегуларности

15 јули 2020

Освен трите инциденти регистрирани по почетокот на гласањето денеска, организацијата ЦИВИЛ, која го следи гласањето на голем број избирачки места, во меѓувреме регистрирала вкупно 18 инциденти или други изборни нерегуларности, соопштени Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ на прес-конференцијата во 10 часот. Меѓу нерегуларностите што се забележани, се контрола од партиски набљудувач кој што заокружува на […]

Во Охридскиот регион гласањето почна навреме и се одвива без проблеми

15 јули 2020

Во 7 часот утрово навреме беа отворени сите 89 избирачки места во Општина Охрид, каде правото на глас можат да го остварат 52.510 граѓани запишани во Единствениот избирачки список, информира Климент Камнароски, претседател на Општинската изборна комисија (ОИК) – Охрид. Од избирачкото место 1238, населба Видобишта, утрово информираа дека гласачкото место е навреме отворено, избирачкиот […]

МОСТ: Гласањето почна навреме, досега се одвива без неправилности

15 јули 2020

Граѓанската асоцијација МОСТ на својата прва денешна прес-конференција за парламентарните избори соопшти дека на сите гласачки места каде што има нејзини набљудувачи, гласањето почнало навреме, се одвивало без неправилности и се почитувале сите протоколи, вклучително и оние за заштита од ковид-19. МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според […]

Граѓаните за повреда на нивното избирачко право може да се обратат на 0800-54321

13 јули 2020

За пријавување на повреда на избирачко право, граѓаните ќе може да се обратат на бесплатната телефонска линија 0800-54321 во канцеларијата на Народниот правобранител, информираат од таму. Телефонската линија ќе функционира на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 7 до 21 часот. Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права […]

ЦРТА: Изборите во Србија со минимални стандарди, демократијата – загрозена (видео)

26 јуни 2020

Парламентарните избори во Србија во јуни по квалитетот и по изборот на денот за избори, но пред сè по севкупниот изборен процес, се најлошите избори што Граѓанската организација Центар за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) од Србија досега ги набљудувала од 2016 година наваму, соопшти организацијата. Нејзината набљудувачка мисија, која се состоела од репрезентативен примерок […]

На локалните избори во Бугарија, проблеми со Македонците во Благоевградско

28 октомври 2019

По локалните избори во Бугарија вчера, според првичните резултати, владејачката партија ГЕРБ ќе ја задржи доминацијата, но со помала поддршка отколку пред четири години, јавуваат бугарските медиуми. Проблеми имаше во Благоевградскиот регион, во селото Рилци, каде локалните жители протестираа и сакаа да го спречат гласањето поради големиот број гласачи со бугарски пасоши од Македонија, регистрирани […]

Страна 1 од 7