fbpx

Протестите против изборни измами во Србија ќе продолжат на 16 јануари

Лидерот на српската опозиција Драган Ѓилас денеска објави дека десетици илјади луѓе од други места надвор од Белград биле впишани во избирачкиот список за да гласаат на изборите на 17 декември

-

Лидерот на српската опозиција Драган Ѓилас денеска во Белград објави дека десетици илјади луѓе од други места надвор од Белград биле впишани во избирачкиот список за да гласаат на белградските избори, пренесува весникот Данас. Тој денеска одржа прес-конференција пред разрушен објект во белградската населба Вождовац, на чија адреса е впишано дека живеат 50-тина лица.

Ѓилас изјави дека случајот со објектот на улицата Прешернова број 21 не е единствен и покажа фотографии од објекти во Палилула на Вишњичка 129 каде се впишани 42 гласачи, Гаврило Принцип број 53 каде се впишани 53 избирачи, како и на Ацо Јоксимовиќ 26 во сервис каде се впишани 36 избирачи.

„Во зградата на белградскиот Водовод и канализација пријавени се 211 избирачи. Кога ќе ги соберете сите, ќе добиете десетици илјади луѓе“, изјави Ѓилас.

Опозицискиот лидер рече дека сите овие лица во избирачкиот список се впишани во 2023 година и се со потекло од Босна и Херцеговина, односно од Република Српска, што може да се провери и преку матичните броеви. Со овие гласачи, српската опозиција ја обвинува власта дека им ја украла изборната победа во Белград на локалните избори што се одржаа на 17 декември лани.

Лидерот на опозициското движење „Срце“, Здравко Понош денеска изјави дека следниот протест на опозицијата ќе се одржи во Белград на 16 јануари, на денот на убиството на косовскиот политичар со српско потекло Оливер Ивановиќ, пишува весникот Данас.

„Ние денеска имавме состанок на нашата коалиција и договоривме да ги повикаме сите граѓани на 16 јануари, на денот на убиството на Оливер Ивановиќ“, изјави Здравко Понош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...