четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Република Српска | 36 резултати

БиХ или не БиХ: Вучиќ, Орбан и Русија можат да го дестабилизираат регионот бранејќи го Додик?

2 март 2025

Пресудата против претседателот на Република Српска Милорад Додик, со која му се одредува една година затвор и шест години забрана за политичка дејност, се користи за плашење со дестабилизација на БиХ и регионот, наратив што го пропагираат официјална Србија, Унгарија и Русија. За Москва тоа е „политички мотивиран прогон“, па затоа злокобно предупредува дека „ќе […]

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Милорад Додик

27 февруари 2025

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на „Х“ објави дека Стејт департментот ја поддржува првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик. We acknowledge the Court of Bosnia and Herzegovina’s verdict today concerning Republika Srpska President Milorad Dodik. — Tammy Bruce (@statedeptspox) February 27, 2025 „Ја почитуваме денешната пресуда на Судот на Босна и […]

Контраспин: Стоилковиќ и Додик со љубов од Скопје само за Белград и Москва

1 февруари 2025

Иницијалната замисла да се прославува Свети Сава како духовен патрон на српската заедница во Северна Македонија и да се чествуваат мирот и разбирањето, се претвори во „увоз“ на штетните антизападни и проруски наративи (како во случајот со ставовите на Додик) и непримерното глорификување на Вучиќ во ставовите на Стоилковиќ пишува Вистиномер во написот кој го […]

Домарот во Сански Мост го убил директорот на училиштето, секретарот и професорката по англиски

21 август 2024

Стравично тројно убиство и обид за убиство се случило утрово во гимназијата во Сански Мост во Босна и Херцеговина. Како што информираат медиумите, М.В, вработен како помошен работник во училиштето, со автоматска пушка влегол среде состанок на наставничкиот колектив и убил три лица. По масакрот се обидел да се самоубие, но со тешки повреди е […]

Ќе има ли последици за Србија по прославата на денот на Република Српска?

12 јануари 2024

Прославата на денот на Република Српска и учеството на Србија во одбележувањето на овој неуставен празник за Босна и Херцеговина претставува сериозна провокација не само кон регионот, туку и кон меѓународната заедница која силно се залага за зачувување на босанскиот суверенитет и интегритет, пишува српскиот весник Данас. Весникот ги пренесува реакциите на меѓународната заедница по […]

Протестите против изборни измами во Србија ќе продолжат на 16 јануари

9 јануари 2024

Лидерот на српската опозиција Драган Ѓилас денеска во Белград објави дека десетици илјади луѓе од други места надвор од Белград биле впишани во избирачкиот список за да гласаат на белградските избори, пренесува весникот Данас. Тој денеска одржа прес-конференција пред разрушен објект во белградската населба Вождовац, на чија адреса е впишано дека живеат 50-тина лица. Ѓилас […]

Додик се заканува со расцеп на Српска, САД му пратија воени авиони

9 јануари 2024

Два американски воени авиони Ф-16 вчера прелетаа над небото на Босна и Херцеговина, на ден пред прославата на босанскиот ентитет Република Српска на 9 јануари како датум на нејзиното основање во 1992 година. Двата американски авиони на воздухопловството на САД вчера ја изведоа билатералната копнено-воздушна вежба заедно со вооружените сили на БиХ на подрачјето на […]

Додик на 9 јануари ќе слави ден на Република Српска, регионот пред дестабилизација

7 јануари 2024

Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик на 9 јануари планира да организира прослава на, како што вели, денот на основање на Република Српска. Протести во Сараево, честитки од просрпски и проруски политичари од регионот и најави за нов распламтувачки говор на Додик се досегашните очекувања од настанот што задутре ќе се одржи во […]

Хакерски напад на Фондот за здравство на Република Српска, здравствениот информативен систем не функционира

2 јануари 2024

Фондот за здравствено осигурување на Република Српска била цел на хакерски напад. Интегрираниот здравствен информатички систем не е функционален. Од Министерството за внатрешни работи на Република Српска за Н1 изјавиле дека на овој случај работат полициската управа во Бања Лука и Единицата за високотехнолошки криминал на Одделот за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи […]

(ИНТЕРВЈУ) Гојковиќ-Арбутина: Невладините во Р. Српска со закон ќе бидат означени како странски агенти

27 ноември 2023

Повторно криминализирање на навредата и клеветата, обележување на сите невладини организации кои добиваат донации од странство (вклучително и организациите кои се бават со новинарство) како „агенти на странско влијание“ и изготвување на Регистер на медиуми каде што државата ќе одлучува кој може, а кој не може да се бави со новинарска дејност. Ова се само […]

Почна ловот на новинари: Додик со акт клеветата ја прогласи за ново кривично дело

18 август 2023

Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на РС, пренесе Ослобоџење. Станува збор за измени кои практично клеветата ја прогласуваат за кривично дело. Овие измени беа усвоени од Народното собрание на РС на седницата на 20 јули годинава. Тоа значи […]

Додик со закани по поднесеното обвинение: Ќе извршам хомогенизација на Република Српска

13 август 2023

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик по поднесеното обвинение од страна на босанското обвинителство се закани дека ќе изврши максимална хомогенизација на српскиот народ и на Република Српска. Тој се закани дека ќе ги повика луѓето да се соберат околу институциите на Република Српска, пренесува klix.ba. Додик во реакцијата по обвинението вели дека сите притисоци […]

Подигнато обвинение против Милорад Додик за неизвршување одлука на босанските власти

11 август 2023

Обвинителството на Босна и Херцеговина подигна обвинение против претседателот на Република Српска, Милорад Додик и в.д. директорот на Службениот весник на Република Српска, Милош Лукиќ, објави сараевскиот весник Ослобоџење. Двајцата се товарат за казненото дело неизвршување на одлука од високиот претставник на БиХ. Додик потпиша указ за прогласување на Законот за необјавување, односно неизвршување на […]

Режимот на Додик под санкции и од Германија – прекината реализацијата на четири проекти

10 август 2023

Германската амбасада во Босна и Херцеговина соопшти дека оваа земја ја прекинува реализацијата на четири проекти во Република Српска во вредност од 105 милиони евра. Опозицијата предупреди дека режимот на Милорад Додик ја носи Република Српска кон економски санкции, пишува белградскиот весник Данас. Претседателот на опозициската Партија за демократски напредок, Бранислав Бореновиќ предупреди дека властите […]

Додик повторно повикува на растурање на БиХ, се обиде да ги злоупотреби Хрватите

11 април 2023

Претседателот на Република Српска (РС) и на партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик повторно се закани со отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина, а притоа ги повика и хрватските претставници да ги напуштат централните институции. Сепак, нивната поддршка Додик нема да ја добие, пишува сараевскиот весник „Ослобоѓење“. Иако во Федерацијата БиХ […]

Додик ќе штити семејни вредности со забрана за влез на ЛГБТИ-лица во школите

24 март 2023

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави нов дискриминаторски закон, со кој планира во овој дел од Босна и Херцеговина да им забрани на припадниците на ЛГБТИ заедницата влез во училишта, градинки и други образовни институции, пренесува босанскиот весник Ослобоѓење. Ваквата изјава тој ја даде за локалната телевизија „К3“, при што спомена дека во наредните […]

Цел свет знае кој е Путин – остри реакции од САД и ЕУ до Република Српска која го одликува рускиот претседател

12 јануари 2023

Доделувањето на највисокото одликување – „Орденот на Република Српска“ на Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација, е за осуда, а застанувањето на страната на Путин во такви околности, значи меѓународно изолирање на Република Српска и нејзините лидери. Вака реагираа амбасадата на САД во Сараево и Европската Унија, откако претседателот на Република Српска, Милорад Додик на […]

Република Српска: Претседател на избирачки одбор на телевизија призна дека крадел гласови

4 октомври 2022

Скандалозно пребројување на гласови на изборите во Република Српска е откриено само неколку часа по објавувањето на првичните изборни резултати од Централната изборна комисија, пренесува весникот Данас. Босанската телевизија БН била во посета на селото Крајишник, родното место на мајката на опозициската кандидатка за претседател на Република Српска, Јелена Тривиќ. Во ова населено место Тривиќ […]

Во Бугарија и БиХ денеска се одржуваат избори

2 октомври 2022

Значајни избори денеска се одржуваат во Бугарија и Босна и Херцеговина, коишто ќе определат кој ќе раководи со овие две балкански земји. Бугарските граѓани гласаат на предвремени парламентарни избори, од кои се очекува во новиот бугарски парламент да влезат осум политички партии. Најмногу гласови се очекува да освои партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, […]

Европскиот парламент со нова проценка за политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Косово и Србија

6 јули 2022

Европскиот парламент денеска ја презентираше својата проценка за политичката ситуација во три земји-пристапнички: Босна и Херцеговина, Косово и Србија. Босна и Херцеговина: Ставање крај на политичкиот ќорсокак и унапредување на реформите Европратениците ја потврдија својата поддршка за евроатлантската ориентација на Босна и Херцеговина. Сепак, тие силно ги осудуваат сите реторики на омраза и попречувачки дејствија, […]

Страна 1 од 2