fbpx

Додик со закани по поднесеното обвинение: Ќе извршам хомогенизација на Република Српска

Додик во реакцијата по обвинението вели дека сите притисоци имаат за цел да се ослаби довербата на српскиот народ во институциите

-

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик по поднесеното обвинение од страна на босанското обвинителство се закани дека ќе изврши максимална хомогенизација на српскиот народ и на Република Српска. Тој се закани дека ќе ги повика луѓето да се соберат околу институциите на Република Српска, пренесува klix.ba.

Додик во реакцијата по обвинението вели дека сите притисоци имаат за цел да се ослаби довербата на српскиот народ во институциите. Тој додава дека во иднина ќе продолжат да носат закони во интерес на Република Српска во рамките на Уставот и Дејтонскиот договор.

Инаку, обвинителството на Босна и Херцеговина подигна обвинение против претседателот на Република Српска, Милорад Додик и в.д. директорот на Службениот весник на Република Српска, Милош Лукиќ поради неизвршување на одлука од високиот претставник за БиХ.

Додик потпиша указ за прогласување на Законот за необјавување, односно неизвршување на одлука на високиот меѓународен претставник за БиХ во Службениот весник на Република Српска, како и указ за прогласување на Закон за неспроведување на одлуките на босанскиот Уставен суд во рамките на Република Српска.

Босанскиот Кривичен законик предвидува казна затвор од шест месеци до пет години за секој функционер кој нема да го примени, спроведе, изврши или на друг начин не ја почитува одлуката на високиот претставник за Босна и Херцеговина.

Подигнато обвинение против Милорад Додик за неизвршување одлука на босанските власти

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...