fbpx

Европскиот парламент со нова проценка за политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Косово и Србија

-

Европскиот парламент денеска ја презентираше својата проценка за политичката ситуација во три земји-пристапнички: Босна и Херцеговина, Косово и Србија.

Босна и Херцеговина: Ставање крај на политичкиот ќорсокак и унапредување на реформите

Европратениците ја потврдија својата поддршка за евроатлантската ориентација на Босна и Херцеговина. Сепак, тие силно ги осудуваат сите реторики на омраза и попречувачки дејствија, вклучително и повлекување и опструкција на државните институции, особено од страна на раководството на ентитетот Република Српска. Тие ги повикаа сите политички актери безусловно да се вратат во државните институции и да ја унапредат работата на реформите поврзани со ЕУ, особено владеењето на правото.

Текстот, усвоен со 479 гласа „за“, 81 „против“ и 75 воздржани, ја нагласува важноста од одржување општи избори во Босна и Херцеговина во 2022 година како што е предвидено, како и спроведување на резултатите. Повикувајќи на елиминација на сите форми на нееднаквост, дискриминација и пристрасност во изборниот процес, европратениците изразуваат жалење поради недостатокот на политичка волја за надминување на ќор-сокакот во преговорите за уставните и изборните реформи и неуспехот да се спроведат пред изборите оваа година.

Извештајот ги повикува сите политички актери во земјата да се придржуваат и да ги спроведат обврските од политичкиот договор постигнат во Брисел на 12 јуни 2022 година и го поздравува повикот на Европскиот совет до политичките лидери во Босна и Херцеговина да ги финализираат изборните и уставните реформи.

Во светлината на руската агресивна војна против Украина, европратениците, исто така, ја повикаа Босна и Херцеговина да ги спроведе санкциите на ЕУ со кои земјата се усогласи и предупредуваат на континуираниот интерес на Русија за дестабилизација на Босна и Херцеговина.

„По една година политички ќор-сокак и ескалирачки сецесионистички движења, политичкиот договор постигнат во Брисел на 12 јуни 2022 година и најновите заклучоци на Советот со кои се изјавува подготвеност да ѝ се даде статус на земја-кандидат на БиХ се силни знаци за посветеноста на ЕУ кон европската и евро- атлантска иднина на земјата. Нашиот извештај дополнително ја потврдува поддршката на Парламентот за европските аспирации на граѓаните на Босна и Херцеговина, а истовремено се однесува на главните предизвици со кои земјата сè уште се соочува. Тоа се, имено, дестабилизирачки активности и блокирање на државните институции од страна на раководството на Република Српска, кои мора да бидат санкционирани, и ќорсокакот во изборните и уставните реформи“, рече известувачот Пауло Рангел (ЕПП, Португалија).

Косово: Европратениците бараат итно усвојување на безвизен режим од ЕУ

Европратениците ја поздравија зголемената политичка стабилност на земјата и силната посветеност на нејзиниот европски пат и го повторуваат својот повик до земјите-членки на ЕУ итно да продолжат со усвојување на безвизен режим за граѓаните на Косово затоа што секое натамошно одложување би го поткопало кредибилитетот и угледот на ЕУ како доверлив партнер.

Извештајот, усвоен со 469 гласа „за“, 96 „против“ и 72 воздржани, ја потврдува недвосмислената поддршка на Парламентот за дијалогот Белград-Приштина олеснет од ЕУ и ја повторува важноста од постигнување сеопфатен, правно обврзувачки договор за нормализација, кој е од клучно значење за Србија и Косово да напредуваат на нивните европски патишта и што ќе придонесе за регионалната стабилност и просперитет.

Поздравувајќи го усогласувањето на Косово со ЕУ за санкциите против Русија и неговата силна солидарност со Украина, европратениците исто така нагласуваат дека независноста на Косово е неповратна и ги повикуваат земјите од ЕУ кои не ја признале земјата да го сторат тоа веднаш.

„Денешното гласање ја покажува силната посветеност на Парламентот кон интеграцијата на Косово во ЕУ и дава насоки за тоа како стандардите на ЕУ може да се имплементираат. Косово континуирано ја докажа својата посветеност да напредува во реформите поврзани со ЕУ и се позиционираше како многу доверлив партнер, длабоко закотвен во европскиот и трансатлантскиот сојуз. За жал, ЕУ не успеа да го исполни нашето сопствено ветување дека ќе обезбеди долго задоцнето безвизно патување за граѓаните на Косово. Навистина се надевам дека ова ќе биде последниот извештај во кој се споменува овој неуспех. Што се однесува до Советот, и во овој контекст сакам директно да им се обратам на Франција и Холандија – сега е време да се усвои одлуката за визна либерализација“, рече известувачот Виола фон Крамон-Таубадел (Зелените/ЕФА, Германија).

Србија: враќање на земјата на вистинскиот пат кон интеграција во ЕУ

Парламентот го поздравува фактот што членството во ЕУ и понатаму е стратешка цел на Србија, додека жали поради недостатокот на напредок, па дури и назадувањето во однос на прашањата кои се фундаментални за пристапувањето во ЕУ. Пофалувајќи го враќањето во поплуралистички парламент по изборите во Србија на 3 април 2022 година, членовите повикуваат на напредок во владеењето на правото, основните права, слободата на изразување, зајакнување на медиумскиот плурализам и нормализација на односите со Косово.

Во извештајот, усвоен со 523 гласа „за“, 78 „против“ и 34 воздржани, силно жали што Србија не се усогласила со санкциите на ЕУ по руската инвазија на Украина и ги повикува новоизбраните власти итно да се усогласат со одлуките на ЕУ против Русија.

Членовите изразуваат загриженост за ширењето на дезинформации и ги повикуваат српските власти и Европската комисија да се борат против дезинформациите, руската пропаганда и другите хибридни закани на Западен Балкан.

„По изборите во април 2022 година и руската агресивна војна, постои вистинско чувство дека нашите партнери во Србија мора решително да напредуваат на својот европски пат. Нашиот извештај фактички ја одразува сложената политичка реалност во Србија и ги охрабрува сите проевропски сили во земјата целосно да се фокусираат на напредокот во реформите за владеење на правото, дијалогот Белград-Приштина и усогласувањето со меѓународните позиции на ЕУ. Напоменуваме дека може да се направи многу повеќе за Србија да се придвижи кон ЕУ. Подготвен сум да се ангажирам со новото раководство во Белград за да работам на европската иднина на Србија“, рече известувачот Владимир Билчик (ЕПП, Словачка).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...