fbpx

Во Бугарија и БиХ денеска се одржуваат избори

-

Значајни избори денеска се одржуваат во Бугарија и Босна и Херцеговина, коишто ќе определат кој ќе раководи со овие две балкански земји. Бугарските граѓани гласаат на предвремени парламентарни избори, од кои се очекува во новиот бугарски парламент да влезат осум политички партии. Најмногу гласови се очекува да освои партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, но прогнозите на аналитичарите се дека формирањето на ново владејачко мнозинство ќе биде многу тешко.

Во Бугарија за помалку од две години се одржуваат четврти парламентарни избори, а нестабилноста од евентуалното формирање на нова влада се заканува да ги поткопа бугарските надежи за приклучување кон еврозоната во 2024 година. Бугарското национално радио јавува дека гласачките места биле отворени низ целата земја во 7 часот наутро, а гласањето треба да заврши во 20 часот. Првичните изборни резултати треба да бидат објавени во раните утрински часови во понеделник.

Општи избори денеска се одржуваат и во Босна и Херцеговина, кои се исто така многу важни не само за идниот развој на политичките случувања во федерацијата, туку и за целокупниот Балкан. Повеќе од 3,3 милиони гласачи имаат можност да изберат помеѓу 7.200 кандидати од 90 различни политички партии, јавува Индекс.хр.

На изборите се гласа за тројцата идни членови на Претседателството на БиХ, 42 пратеници во босанскиот парламент, 98 пратеници во Парламентот на Федерацијата на БиХ, 83 пратеници во парламентот на Република Српска, пратеници во парламентите на 10 жупании во Федерацијата на БиХ, како и претседател и двајца потпретседатели на Република Српска.

Гласањето започна во 7 часот утрово, а ќе трае до 19 часот. Првите изборни резултати се очекува да бидат објавени во текот на ноќните часови. Најголемо внимание на изборите се очекува да биде насочено кон изборот на Претседателството на БиХ, но и на идниот претседател на Република Српска.

Во натпревар за членот што го бира Република Српска во Претседателството на БиХ најголеми шанси за победа имаат кандидатите Мирко Шаровиќ и Жељко Цвијановиќ, додека помеѓу изборот на двата преостанати члена од Федерацијата на БиХ најинтересна ќе биде трката помеѓу Бакир Изетбеговиќ и Денис Беќировиќ, пишува српскиот весник Политика.

Нова.рс јавува дека Милорад Додик и неговата партија Сојуз на независните социјалдемократи по 20 години владеење со Република Српска може да доживее пораз на денешните избори. Самиот Додик се натпреварува за да постане претседател на Република Српска, но дел од предизборните анкети шанса за победа ѝ даваат на неговата противкандидатка – Јелена Тривиќ од Партијата за демократски напредок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...