fbpx

Хакерски напад на Фондот за здравство на Република Српска, здравствениот информативен систем не функционира

Фондот за здравствено осигурување на РС соопштило дека на граѓаните нема да им биде ускратена здравствената заштита, и покрај високософистицираниот хакерски напад врз Интегрираниот здравствен информативен систем (ИЗИС), кој во моментов не функционира

-

Фондот за здравствено осигурување на Република Српска била цел на хакерски напад. Интегрираниот здравствен информатички систем не е функционален. Од Министерството за внатрешни работи на Република Српска за Н1 изјавиле дека на овој случај работат полициската управа во Бања Лука и Единицата за високотехнолошки криминал на Одделот за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на РС.

Истрагата утврдила дека се работи за „ransomware“ напад (напад направен за откуп).

„Настанот е пријавен кај дежурниот обвинител на Окружното обвинителство Бања Лука, кој изјавил дека кривичното дело „Создавање и внесување компјутерски вируси“, чл. 409. став 1 во врска со Законот за кривичната постапка „Изнуда“ чл. 232. Полициските службеници преземаат понатамошни мерки и дејствија во рамките на оваа истрага, а во врска со истата ќе стапат во контакт со Европол за размена на оперативни информации и искуства“, соопштило Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Фондот за здравствено осигурување на РС соопштило дека на граѓаните нема да им биде ускратена здравствената заштита, и покрај високософистицираниот хакерски напад врз Интегрираниот здравствен информативен систем (ИЗИС), кој во моментов не функционира.

„Утрово раководството на Фондот за здравствено осигурување на Република Српска одржа состанок на кој меѓу другото беше констатирано дека осигурениците на Фондот не смеат да настрадаат поради нападот на ИЗИС, а здравствените установи беа известени и дека тие не смеат да ги враќаат пациентите и дека мора да им се обезбеди потребната здравствена услуга. Потсетуваме дека во пресрет на Новата година, Фондот за здравствено осигурување, односно Интегрираниот здравствен информативен систем, беше цел на високософистициран хакерски напад, при што беа користени тактики вообичаени меѓу напредните хакерски групи. Со оглед на сложеноста на овој информациски систем, ќе биде потребно извесно време системот да функционира нормално и со полн капацитет. Сите екипи задолжени за ИЗИС се ангажирани деноноќно и работат на тоа. Во меѓувреме, како што веќе кажавме, здравствените установи можат да им пружат здравствена заштита на пациентите користејќи хартиени обрасци во својата работа, согласно претходните упатства што ги добивале од Фондот“, изјавиле оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...