Две пациентки со цистична фиброза добија трикафта, утре ќе добијат уште две

На 15 декември Меџити најави дека само 12 пациенти ќе го добијат лекот, иако во земјава 130 лица живеат со оваа болест

-

Две пациентки со цистична фиброза го примија лекот трикафта во петокот, информираше на својот профил на Фејсбук министерот за здравство Фатмир Меџити.

„Тие во моментов се на Клиниката за детски болести и нивната состојба е стабилна. Во новата година, пациентите со цистична фиброза добиваат подобар квалитет на живот. Во текот на утрешниот ден уште двајца пациенти ќе примат трикафта, а во следниов период, повеќе пациенти етапно ќе се вклучуваат на терапија“, напиша тој.

На 15 декември Меџити најави дека само 12 пациенти ќе го добијат лекот, иако во земјава 130 лица живеат со оваа болест.

Лани, пред Нова година, болните од цистична фиброза беа на протест пред Министерството за здравство и побараа модуларна терапија. Дури на 2 февруари годинава, Владата најави дека ќе го набави лекот „Трикафта“ за 30 пациенти, односно дека набавката ќе се одвива во неколку фази. Првите количини на лекот, стасаа на 9 март. Додека чекаше лек, на 8 февруари почина Благојче Илиевски, кој не го дочека лекот.

Кога тоа се случи, поранешниот министер за здравство Беким Сали, на својот Фејсбук профил напиша дека се обезбедени 140 милиони денари за набавка на лекот. Родители на деца со цистична фиброза и нивни роднини, по смртта на Благојче му оддадоа почит и протестираа пред Владата, барајќи лекот да се набави итно.

Во земјава, со цистична фиброза живеат околу 130 лица. Како што прогресира болеста низ годините, така расте и смртноста. Лек има од новата генерација на т.н. модуларна терапија, која е скапа. Кај нас се дава постара терапија која ги ублажува симптомите, но не ја лекува болеста.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...