fbpx

Mеџити: Идната недела лекот „Трикафта“ ќе го добијат 12 пациенти

Во земјава, со цистична фиброза живеат околу 130 лица

-

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска информираше дека следната недела лекот „Трикафта“ ќе биде доделен на 12 пациенти кои боледуваат од цистична фиброза.

„До април месец за овие 12 пациенти ќе има терапија. Другите пациенти ќе ги вклучиме во согласност со сите критериуми што се дадени од експертите на Детска клиника. Ова што го зборувавме е реалност. Со одлука на Влада, за 2024 и за 2025 се одвоени 854 милиони денари, со што го имаме решено системски не само овој проблем, туку и сите проблематични импликации што ќе се појавуваат во здравството“, рече Меџити.

Тој ги негираше шпекулациите дека за еден пациент, лекот чини 250.000 денари.

„Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и јавните набавки дале согласност до Клиниката за детски болести да ја изврши целокупната набавка за да се добие навреме“, додава Меџити.

Лани, пред Нова година, болните од цистична фиброза беа на протест пред Министерството за здравство и побараа модуларна терапија. Дури на 2 февруари годинава, Владата најави дека ќе го набави лекот „Трикафта“ за 30 пациенти, односно дека набавката ќе се одвива во неколку фази. Првите количини на лекот, стасаа на 9 март. Додека чекаше лек, на 8 февруари почина Благојче Илиевски, кој не го дочека лекот.

Кога тоа се случи, поранешниот министер за здравство Беким Сали, на својот Фејсбук профил напиша дека се обезбедени 140 милиони денари за набавка на лекот. Родители на деца со цистична фиброза и нивни роднини, по смртта на Благојче му оддадоа почит и протестираа пред Владата, барајќи лекот да се набави итно.

Во земјава, со цистична фиброза живеат околу 130 лица. Како што прогресира болеста низ годините, така расте и смртноста. Лек има од новата генерација на т.н. модуларна терапија, која е скапа. Кај нас се дава постара терапија која ги ублажува симптомите, но не ја лекува болеста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...