fbpx

„Лајка“ апелира: Стоп за употребата на петарди и пиротехнички средства

„Оваа година наместо да фрлите петарда, подадете храна на бездомно куче или маче“, сугерира „Лајка“

-

Новогодишниот период иако е многу убав за нас, е најстресниот период за животните, особено за бездомните кучиња и мачиња. Употребата на петарди и пиротехнички средства предизвикува не само физички повреди, туку и стрес, страв, психички шок, доживотни трауми и неретко смрт од срцев удар кај животните, алармира ЈП „Лајка“.

Во соопштението се порачува граѓаните да бидат општествено одговорни и да се грижат за бездомните животни.

„Оваа година наместо да фрлите петарда, подадете храна на бездомно куче или маче“, сугерира „Лајка“.

Граѓаните кои имаат домашни миленици да не ги шетаат без поводник, бидејќи звукот ги плаши кучињата и може многу лесно да избегаат и да завршат трагично, велат од јавното претпријатие, потсетувајќи истовремено дека казната за неовластено пукање од огнено оружје, употребување пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин нарушување на мирот и безбедноста на граѓаните изнесува од 200 до 500 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...