fbpx

Во Косово од утре српските регистерски таблички нелегални

На возачот ќе му се изрече казна во износ од 150 евра, односно половина од тоа ако плати веднаш. Исто така, ќе му биде одземена сообраќајната дозвола, објаснува висок косовски полициски функционер

-

Од утре повеќе нема да може да се вози на северот на Косово со српски регистерски таблички и сите возила што немаат косовски таблички со кратенката РКС ќе бидат исклучувани од сообраќај, а возачите ќе добиваат казни од 150 евра. Како што вели Ветон Ељшани, заменик-директор на Косовската полиција за регионот Север, на полноќ истекува дополнителниот рок за пререгистрација на возилата и нема да има толеранција, односно возилата со српски ознаки на табличките ќе бидат исклучувани од сообраќај.

Намерата на косовските власти српските таблички да бидат заменети со косовски беше причина за тензии кај косовските Срби и досега имаше неколку одлагања на крајниот рок. Во остатокот од Косово, Србите веќе возат со РКС таблички.

За Радио Митровица Север, Ељшани вели дека досега се пререгистрирани околу 3.400 возила и дека полицијата повеќе нема да испраќа барања до владата на Косово за дополнително продолжување на рокот.

„Ако полицијата наиде на вакви автомобили, ќе ги сопира и ќе ги конфискува табличките. На возачот ќе му се изрече казна во износ од 150 евра, односно половина од тоа ако плати веднаш. Исто така, ќе му биде одземена сообраќајната дозвола. Власникот ќе може сам да го одвезе возилото од патот. Ако повторно наидеме на истото возило, тоа ќе биде запленето и испратено во Царина“, објаснува Ељшани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...