четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: бездомни животни | 15 резултати

JП Лајка стерилизирало 111 кучиња во ноември

декември 1, 2022

Јавното претпријатие (ЈП) Лајка, кое е задолжено за проблемот со бездмните животни во Скопје соопшти дека продолжиле да си ги вршат обврските, и покрај, како што велат, тешката финансиска состојба во која се наоѓало претпријатието. Во текот на ноември, тимот на ЈП Лајка извршил 111 стерилизации/кастрации на бездомни кучиња, и со оваа бројка бил срушен […]

Згрижувањето на уличните животни останува на поразително ниво

октомври 5, 2022

Светскиот ден на животните (4 Октомври) се одбележува со цел да се подобрат стандардите за благосостојба на животните. Но, додека глобално движење се стреми кон создавање свет во кој животните секогаш се препознаваат како чувствителни суштества и секогаш се посветува целосна грижа за нивната благосостојба, кај нас состојбата е поразителна. Улиците во Скопје, а и […]

Активистите потсетуваат: Подгответе топли засолништа за бездомните мачки

септември 25, 2022

Активистите од Здружението за згрижување на бездомни мачки, „Енџелкетс санктуари“ се обратија до јавноста со совет во кој споделуваат искуство како едноставно да се направат топли куќарки за мачки за да се заштитат од ладното време. „Студот во септември нè изненади. Но, како и да е, на бездомните мачки им треба засолниште. Пред куќа, пред […]

[ВИДЕО] Социјален експеримент за насилство врз бездомни мачки

септември 20, 2022

Здружението за згрижување на бездомни мачки, Енџелкетс санктуари“ направи социјален експеримент за тоа како луѓето реагираат на насилство врз мачките. На експериментот снимен на видео и споделен на социјалните мрежи е претставена најлонска кеса во која е ставен мал звучник од кој се слуша како вреска мачка и „неодговорни луѓе“ што ја малтретираат. Погледнете како […]

Сѐ повеќе домашни миленици завршуваат на улица додека нивните сопственици се сончаат на плажа

јуни 15, 2022

Како што почнува сезоната на одмори, сè повеќе домашни миленици, кучиња и мачки завршуваат на улица. Сопствениците ги напуштаат затоа што не можат да ги земат со нив на одмор и ги оставаат нивниот живот да го продолжат талкајќи низ градот. Активистите кои деноноќно се обидуваат да ги спасат од суровоста на бездомниот начин на […]

Животните имаат права само на хартија, активистите финансиски и психички исцрпени, но не се откажуваат

декември 10, 2021

Пријави за неодговорно сопствеништво, организирање борби со кучиња, малтретирање и убивање животни на улица, шверц на диви животни, нелегални зоолошки градини. Правата на животните во Македонија секојдневно се прекршуваат, активистите и здруженијата го вклучуваат алармот, а институциите недоволно и несоодветно реагираат на прекршоците. Денешниот ден, 10 декември, освен што е Меѓународен ден на човековите права, […]

Вистиномер: Стационарот за бездомни кучиња во Струмица готов, но се најавува отворање до крајот на годината

октомври 6, 2021

Мета.мк ја пренесува анализата на „Вистиномер“ на изборно ветување на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски: Ветување: Изградба на стационар за кучиња бездомници во Струмица  [Извор: Изборна програма на градоначалникот Коста Јаневски „Живот во Струмица за сите“ стр. 21; датум: октомври 2017]   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски за изградба на „Стационар за кучиња бездомници’’,  наведено  во […]

МИОА ќе ги издава дозволите за активистите да можат по два часа дневно да се грижат за бездомните животни

април 15, 2020

До утре, 12 часот, сите регистрирани друштва за заштита на правата на животните може да достават пополнет образец за пет членови од здружението кои ќе се грижат за бедзомните животни во текот на продолжениот викенд за кога е предвиден полициски час од петок попладне до вторник наутро. Активистите ќе добијат дозвола два часа дневно во […]

„Анима Мунди“ бара дозволи за активистите да се грижат за бездомните животни вон полицискиот час

април 13, 2020

Од Здружението за заштита на животните, „Анима Мунди“ бараат да им се овозможат дозволи за движење на активистите кои се грижат за бездомните кучиња. „Ние ги почитуваме мерките на Мининистерството за здравство и Владата, ја разбираме сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме и во ниту еден случај не би ги нарушиле предвидените мерки и […]

Кучињата се трујат, тетовци бараат хумано решение

ноември 26, 2018

Во изминатиов период бројот на кучиња скитници во Тетово е зголемен, a jaвноста беше вознемирена од неколку случаи на затруени кучиња. Експертите велат дека на сето тоа влијаат многу фактори, но најважното прашање е како тие кучиња се нашле на улица и како да се спречи таа појава. – Честопати фактор е брзоплетата одлука на […]

Град Скопје реагира на труењето животни

април 8, 2017

Градот Скопје најостро ја осудува постапката на одредени неодговорни поединци или групи, кои фрлаат отров и отровни материи заради труење на бездомни животни, се вели во соопштението што денеска го испратија градските власти. Реакцијата уследи денеска, откако оваа и претходната седмица реагираа неколку скопски општини, а постојано реагираа и здруженија за заштита на животните и многу поединци. […]

Страна 1 од 1