fbpx

Владата ќе бара решение како да се подмират трошоците за лекување на 18-годишниот Леонид

Владата донела заклучок со којшто го задолжила министерот за здравство да разговара со семејството и да ги запознае со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид

-

Владата на вчерашната седница го разгледала случајот на 18-годишниот Леонид Индов кој се лекува во Виена по здобиени повреди лани во Грција, а за случајот детално информирал министерот за здравство Илир Демири.

„Образложени беа досегашните процедури што се водат пред надлежните институции и се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов“, информираат од Владата.

Во врска со ова прашање, Владата донела заклучок со којшто го задолжила министерот за здравство да разговара со семејството и да ги запознае со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што тој треба да ја информира Владата за конкретното изнајдено решение.

За истото вчера информираше и министерот за здравство Илир Демири. Од Министерството за здравство информираа дека ќе разговараат со семејството, а Владата ќе биде информирана за донесеното решение.

Случајот со младиот Леонид ја крена на нозе македонската јавност, откако тој пред повеќе од две недели беше транспортиран со медиокоптер од МВР на лекување и рехабилитација во Виена, по претходно добиено конзилијарно мислење дека за него се исцрпени сите можности за лекување во земјава.

Во меѓувреме, Фондот за здравство донесе негативно мислење – дека Леонид не може да се лечи во странство, бидејќи според закон, неговото лекување спаѓа во „медицинска рехабилитација“, нешто што ФЗО не може да го покрие од буџетски пари.

Таткото на Леонид, Бранко Индов, за ова вчера поднесе жалба до второстепената комисија во Фондот за здравство.

Младото момче, по повредата минатото лето во Грција, дише на респиратор и не може да ги движи долните екстремитети. Неговиот татко во изјава за Мета.мк неодамна изјави дека во земјава нема институција каде што може да биде примен и соодветно лечен неговиот син, што впрочем и се потврдува од конзилијарното мислење на лекарите.

Што содржи конзилијарното мислење за младиот Леонид: „Исцрпени се сите можности за лекување во Македонија“

Лекувањето на Леонид чини 300.000 евра за шест месеци, од кои половината веќе беа собрани од донации, а во меѓувреме се одржуваат голем број хуманитарни акции за да се собере остатокот од парите.

Во иста ситуација како Леонид е и е 20-годишниот Јани Иванов од Неготино, за кој неговите родители, со помош на донации, плаќаат по речиси 10.000 евра месечно за лечење во Лариса, Грција.

Државата не може да го плати лекувањето на Леонид и Јани во странство поради закон стар 24 години

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промовирани новите полициски службеници, генерација 2023-2024

Денеска се одржа пригодна церемонија по повод свечената Промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година, во Центарот за обука на МВР во Идризово, на која покрај раководството...