fbpx

Демири реагира откако антикорупционерите побараа одговорност од него оти разреши директори на клиники

Неговата реакција следува откако во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), излегоа со став пред два дена, дека двајцата директори Демири ги разрешил незаконски, бидејќи изборите биле во тек

-

Медицинските директори на Клиниката за државна кардиохирургија д-р Марјан Шокаровски и на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, се разрешени заради пропусти во нивната работа, реагира денеска преку соопштение министерот за здравство во заминување, Илир Демири.

Неговата реакција следува откако во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кажаа дека ќе бараат одговорност од Демири бидејќи двајцата директори ги разрешил незаконски, со оглед на тоа дека парламентарните и претседателските избори беа во тек, но и поради тоа што управните одбори и здравствените совети на установите, не утврдиле дека постојат основи за разрешување.

„Поранешниот медицински директор на Клиниката за кардиохорургија е разрешен од позицијата медицински директор поради прекршување на законските нормативни. Во С. Македонија оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца и ред други прекршоци. Сите податоци со кои располагаме ги пријавивме во Јавното обвинителство за да го истражи овој случај. Претходниот медицински директор од Клиниката за токсикологија и еден од лекарите беа разрешени поради несовесно работење во целиот изминат период. Клиниката имала согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, но не постапил. Неколку месеци овие лица оделе на работа, а не земале плата за својот труд. Ангажираните трпеле закани и омаловажувања на национална основа за што истите доставија писмо со изјави за секојдневните навредувања од страна на директорот и од лекарот. И за овој случај чекаме јавното обвинителство да постапи“, наведено е во реакцијата на Демири.

На 27 мај, на прес-конференција Демири соопшти дека го разрешува директорот Шокаровски затоа што на Клиниката имало пациенти кои не биле регуларно внесени во системот Мој Термин и немале отпусно писмо или прилог кон умреница. Кажа и дека имало сомнежи дека е зголемна смртноста на оваа клиника, па поради тоа, Демири оформил комисија да ги испита ваквите наоди. По ова, Шокаровски,заедно со останатите вработени одржаа прес-конференција на која ги негираше обвинувањата за зголемена смртност на клиниката со кој тој раководеше.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...