fbpx

Манолева: Родителите на Леонид не побараа мислење за негова рехабилитација во земјава

Треба да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и потоа стручниот колегиум да даде свое мислење дали има или нема можност за продолжување на лекувањето и рехабилитацијата во нашите институции, вели заменик-министерката за здравство

-

Заменик-министерката за здравство Маја Манолева тврди дека родителите на 18-годишниот Леонид Индов не побарале никакво мислење од соодветните институции за можноста или неможноста за рехабилитација на нивното дете во македонските установи.

Изјавата следува откако македонската јавност се крена на нозе, а по информацијата дека Леонид, кој на 6 февруари годинава со хеликоптер на МВР беше испратен на лекување во Виена, Австрија, доби негативно мислење од Фондот за здравство во однос на одобрување средства. Лекувањето на Леонид во Виена чини 300.000 евра за шест месеци, од кои половина веќе беа собрани преку донации. Младото момче кое беше повредено во несреќа во Грција минатото лето, веќе две недели е во Виена. Тој не може да дише самостојно и не ги движи долните екстремитети.

„Прво треба да се испочитува здравствениот систем, пациентите да ги исцрпат сите можности кои тука ги имаме, и дури потоа да се упатат на лекување или на рехабилитација во странство. Ние имаме здравствен систем кој во последните години во однос на апаратурата, во однос на опременоста е навистина напреднат, кој за одреден дел од пациентите кои претходно сме ги упатувале на лекување во странство, сега може да одговори и одговара. Секако дека треба и оваа опција да се разгледа, дека треба и да се предложи и до Собранието некаква измена за она што значи можност откако ќе бидат исцрпени сите можности во нашата земја за лекување, пациентите да бидат упатени за лекување или за рехабилитација“, изјави Манолева.

Одговарајќи на новинарско прашање дали се детално запознаени со случајот на Леонид, зашто родителите тврдат дека немало услови за негово лекување во земјава, како и тој да се ослободи од респираторно дишење, заменик-министерката рече дека родителите немаат побарано мислење од соодветните институции во однос на ова.

„Треба прво да се изоди тој пат, па потоа да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и потоа стручниот колегиум да даде свое мислење дали има или нема можност за продолжување на лекувањето и рехабилитацијата во нашите институции“, рече заменик-министерката за здравство.

Леонид на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да дише. Тој беше првиот пациент транспортиран со полициски хеликоптер до Виена. Меѓутоа, од ФЗО го одбија барањето образложувајќи дека не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување.

Во меѓувреме, граѓаните масовно собираат донации за Леонид да може да остане во Виена и да го заврши комплетното лекување и рехабилитација.

Што содржи конзилијарното мислење за младиот Леонид: „Исцрпени се сите можности за лекување во Македонија“

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...