fbpx

ДИК: До 19 часот гласале 45,74 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список

-

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 19 часот гласале 45,74 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список. Притоа, највисока излезност е регистрирана во четвртата изборна единица, каде до 19 часот гласале 53,22 отсто од гласачите.

Веднаш по неа, следи третата изборна единица, каде одѕивот на гласачите до 19 часот е 51,51 отсто, по што следуваат првата изборна единица со 47,38 отсто, петтата изборна единица со 44,87 отсто и втората изборна единица со 43,37 отсто. Најмала излезност до 19 часот е регистрирана во шестата изборна единица, каде ДИК регистрирал дека гласале 35,46 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список.

Ваквите податоци на ДИК за излезноста до 19 часот се од обработени 3.463 од вкупно 3.480 избирачки места.

Кога станува збор за излезноста по општини, рекордер е општина Крушево каде до 19 часот гласале 66,64 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список. Следува општина Новаци, каде до 19 часот е забележана излезност од 66,6 отсто. Следува Крива Паланка, каде до 19 часот гласале 65,29 отсто од гласачите. По нив, следува Лозово со 65,25 отсто излезност на гласачите, додека во општина Македонски Брод до 19 часот гласале 64,68 отсто од гласачите. Во Вевчани до 19 часот гласале 64,11 отсто од гласачите, а излезност од над 60 отсто имаат и Неготино, Гевгелија, Демир Капија, Пробиштип, Ранковце, Кривогаштани и Демир Хисар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...