fbpx

Инклузива: Пропусти при гласањето на лица со попреченост и почитувањето на здравствениот протокол

-

Набљудувачите на Здружението Инклузива известија за пропусти при пристапноста на гласачките места и гласањето за лицата со попреченост. Забележано било и непочитување на протоколите за заштита од ковид-19.

„Беше забележано неносење или неправилно користење на заштитни маски и ракавици од страна на избирачки одбори на 15 гласачки места, неодржување на физичко растојание на 21 гласачко место, непроветрување на просторот и повеќе лица од дозволениот број на 3 гласачки места,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека според набљудувањето, главен проблем останува пристапноста на гласачките места и користењето на алатките за гласање на лица со попреченост.

„Набљудувачите известуваат дека 20 од посетените избирачки места не се воопшто физички пристапни (нема рампи или лифтови, има скали или бариери). Параваните за гласање на лица со попреченост не се поставени на соодветно место на 22 избирачки места, односно се ставени покрај ѕид, блокирани или воопшто не се поставени,“ соопштуваат од Инклузива.

Шаблони со Брајово писмо и граничници за гласањето на слепите и слабовидните лица не се користени на 31 место.

„На едно место е забележано како придружникот гласа за слепото лице без присуство на самото лице зад параванот. На 10 гласачки места не се поставени графички прикази за процесот на гласање. Четири набљудувачи се соочија со проблем при вршење на набљудувањето и комуникацијата со избирачките одбори, а на едно гласачко место набљудувач – лице со попреченост е навредено од страна на Избирачки одбор,“ се додава во соопштението.

Здружението Инклузива ги набљудува парламентарните избори со 70 набљудувачи кои се лица со попреченост на 210 избирачки места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...