ДИК: До 13 часот на гласање излегле 1.150 гласачи

Во споредба со гласањето на 8 мај, до 13 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 3,7 отсто на овие избирачки места

Прв круг на претседателски избори 2024 г. | Фото: Мета.мк

До 13 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места во кои денеска има прегласување, гласале 1.150 односно 25,4 отсто, информира Државната изборна комисија (ДИК).

„Во избирачко место 2101 во Желино гласале 325 гласачи, а во двете избирачки места 1194 и 1202 во Крушево, гласале 198 гласачи. Во Охрид гласале 185 гласачи, а во две избирачки места во Долнени, гласале 217 гласачи. Во  Струга гласале 225 гласачи“, информира ДИК.

Во споредба со гласањето на 8 мај, до 13 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 3,7 отсто на овие избирачки места.