fbpx

Нема докази дека рускиот претседател го напишал „Писмото на Путин до светот“

Писмото циркулира на руски јазик најмалку од април 2022 година, но без повикување на оригиналниот извор, пишува Вистиномер

-

Нема докази дека автор на писмото е Путин. Тоа не е спомнато од ниту една веродостојна вест, ниту на веб-страницата на Кремљ каде вообичаено се објавуваат обраќањата и говорите на рускиот претседател. Писмото циркулира на руски јазик најмалку од април 2022 година, но без повикување на оригиналниот извор, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува наводно писмо на рускиот претседател Владимир Путин, испратено до светот.

Само со храброст и одлучност се победува злото, нацизмот, стои во објавата која го споделува наводното писмо напишано на српски јазик насловено како „Писмото на Владимир Путин до светот“.

Во писмото, рускиот претседател Путин се чини дека се осврнува на руската војна со Украина и бара од граѓаните на западните земји да ѝ помогнат на Русија во нејзината борба против „украинскиот нацизам“ кој е „потхранет од вашите даноци од страна на САД и јастребите на НАТО“.

Со писмото се занимавале и странските проверувачи на факти од АБП и Лоџикали фактс. Нивната проверка покажала дека во повеќе случаи, објавата на писмото вклучува видео од Путин, кој вели дека западните елити не се грижат за подобрување на животот на своите граѓани и дека ја зголемуваат инфлацијата, предизвикувајќи пораст на глобалната сиромаштија и нееднаквост.

Писмото циркулира на англиски јазик на Фејсбук најмалку од октомври минатата година. Наводното писмо од Путин било објавено и на социјалната мрежа Икс на 25 декември 2023 година.

Но, иако писмото му се припишува на Путин, нема докази дека тој е авторот.

Пребарувајќи ги клучните зборови и пасусите од писмото, не може да се најде никакво спомнување на ниту една веродостојна вест, ниту на официјалната веб-страница на Кремљ каде обично се објавуваат обраќањата на Путин.

Во претходно споменатата објава на Икс, има директна врска до видеото што се појавува во неколку објави со писмото. Видеото било поставено на Тик Ток на 8 декември 2023 година.

Преку обратно пребарување на слики на клучните кадри на видеото, се открива дека снимката на Путин потекнува од видеоконференција одржана на 16 март 2022 година. Преводот точно ги пренесува зборовите на Путин. Сепак, нема дел од наводното писмо што одговара на она што Путин го кажал за време на средбата.

Доколку писмото се преведе на руски со помош на алатка за превод, и се побараат делови од него на Гугл и на рускиот пребарувач Јандекс, ќе се види дека тоа циркулирало на руски уште во пролетта 2022 година. Не е јасно кој првично е автор на писмото. Најраниот пример што може да се најде е објава на руската платформа за социјални медиуми ОК од 10 април 2022 година. Објави од писмото има и на Blogspot и Telegram. Но, не се дадени линкови или референци до кој било оригинален извор.

Статија објавена од рускиот весник „Комсомолскаја правда“ на 16 март 2022 година, во која се известува за видеоконференцијата што ја одржал Путин истиот ден, носи наслов „Владимир Путин му испрати порака на светот на состанокот со регионалните шефови и светот ја слушна“. Овој наслов е сличен со насловот „Писмото на Владимир Путин до светот“ во  објавите кои се шират на социјалните мрежи.

Иако ниту еден дел од писмото не се појавува во статијата, написот се врти околу тоа како Путин му се обратил на Западот на состанокот на конференцијата, што се чини дека делувало како отскочна штица за писмото и објаснува зошто писмото сега се споделува со видео од токму таа конференција.

Од сето ова можеме да заклучиме дека нема докази оти автор на писмото е Путин. Тоа не е спомнато од ниту една веродостојна вест, ниту на веб-страницата на Кремљ каде вообичаено се објавуваат обраќањата и говорите на рускиот претседател. Писмото циркулира на руски јазик најмалку од април 2022 година, но без повикување на оригиналниот извор. Затоа, објавата ја оценуваме како неточна.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова го честиташе Курбан Бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите...