fbpx

ДИК: Ќе се гласа до 19 часот и 30 минути

-

„Иако беше предвидено избирачките места да бидат затворени во 19 часот, изборниот процес продолжува се додека не гласаат граѓаните кои се затекнати во објектите за гласање, односно до 19 часот и 30 минути“, соопшти на прес-конференција ретседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

„До сега излегле 49,29 проценти од избирачите заклучно со 18 часот и 30 минути“, кажа Даштевски. Аеродром со 49,23 отсто е општина која има поголема излезност во Скопје. Слично е и во другите скопски општини како Ѓорче Петров и Бутел. Во Карпош излезноста е 49,51, Кисела Вода е 49,44 отсто.

„До крајот на гласањето очекуваме да се зголеми бројот на гласачи за неколку отсто“, рече Даштевски.

На локалните избори оваа година учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...