Фото: Арбнора Мемети

Околу една третина од гласачите заведени во избирачкиот список излегле да гласаат до 15 часот, соопшти ДИК. Одѕивот на предвремените парламентарни избори до 15 часот на избирачките места на ниво на целата земја е 31,77 отсто.

Од шесте изборни единици, највисока излезност е регистрирана во 3-та, односно 37,24 отсто. Идентична беше ситуацијата и со одѕивот на гласачите до 13 часот – и тогаш на првото место беше оваа изборна единица. По 3-тата изборна единица, според резултатите до 15 часот е 4 -та, а по неа е 1-та – исто како што беше до 13 часот.

Четвртата изборна единица според најновите резултати од ДИК има излезност од 35,51 отсто до 15 часот, „Единицата има 34,51 отсто излезност, а следува 5-та изборна единица со одѕив на гласачите од 31,5 отсто.

Бројките од ДИК покажуваат дека претпоследна е 2-та изборна единица, со 29,96 отсто излезност, а на последното место е 6-та, со 22,85 отсто излезност.

Всушност, ваквото рангирање по излезност до 15 часот е идентично на рангирањето на одѕивот на гласачите до 13 часот, односно сите изборни единици не се поместиле на листата.

Кога станува збор за излезноста по општини, рекордер е општина Новаци, со излезност од 51,5 отсто. Следни на листата се:

50,68% Крива Паланка

49,22% Вевчани

47,02% Крушево

45,5% Македонски Брод

44,76% Демир Хисар

44,32% Пробиштип

43,94% Пехчево

42,46% Лозово

43,33% Гевгелија

42,52% Демир Капија

41,5% Неготино

41,1% Прилеп

41,09% Берово

40,61% Кавадарци

39,42% Свети Николе