fbpx

Обвинителство: Во неколку градови се вршеле агитации, се нудел поткуп во пари и ваучери за гориво

-

Се вршела агитација со закани, лично или преку социјални мрежи за гласање за одредена политичка партија, се нуделе ваучери за гориво и пари, а имало и обид за гласање без важечка лична карта. Тоа се посочува во пристигнатите пријави за изборни нерегуларности, денеска до 13 часот, во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса [email protected]. Настаните се пријавени во основните јавни обвинителства во Струмица, Кочани и Скопје.

Како што соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струмица било пријавено дека маж на бензинска станица во селото Василево нудел ваучери за гориво за да се гласа за одредена политичка партија. Но тоа не е единствениот изборен инцидент во подрачјето на тоа ОЈО.

„Издадена е наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите. Во струмичкото обвинителство примени се известувања за уште два настана, случени вечерта на 14 јули 2020 година. Едниот во с. Добрадинци, каде околу 21 часот лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија. Вториот настан се случил во с. Дражево, каде околу 21.50 часот лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија“, се вели во соопштенитето од Обвинителство.

Во ОЈО Кочани се преземаат дејства за расчистување на шест настани пријавени до 13 часот денеска. Тие се однесуваат на наводен изборен поткуп и за агитирање со организирано носење гласачи до избирачките места.

Во ОЈО Скопје добиено е известување дека во избирачко место во ОУ „Петар Поп Арсов“, на лице со истечена лична карта не му било дозволено да гласа, по што тој започнал вербална расправија и со мобилен телефон ги снимил членовите на избирачкиот одбор. Јавен обвинител презе дејствија за расчистување на настанот.

„На електронската адреса каде граѓаните можат да пријават сомненија за изборни нерегуларности денеска се пристигнати вкупно пет известувања. Преставници на една политичка партија испратија четири известувања за наводен поткуп на гласачи во избирачки места во Кочани. Тие се проследени во надлежното ОЈО Кочани“, соопшти ЈО на Република Северна Македонија, од каде додаваат и дека основач на граѓанска организација испратил известување за наводни изборни нерегуларности кои се вршеле преку агитирање на социјалните мрежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...