fbpx

Во Охридскиот регион гласањето почна навреме и се одвива без проблеми

-

Во 7 часот утрово навреме беа отворени сите 89 избирачки места во Општина Охрид, каде правото на глас можат да го остварат 52.510 граѓани запишани во Единствениот избирачки список, информира Климент Камнароски, претседател на Општинската изборна комисија (ОИК) – Охрид.

Од избирачкото место 1238, населба Видобишта, утрово информираа дека гласачкото место е навреме отворено, избирачкиот одбор е во полн состав, а гласањето се одвива согласно воведените здравствени протоколи поради епидемијата со ковид-19. Благоја Ристевски, претседателот на избирачкиот одбор на избирачкото место 1238 информира дека за само два часа, односно од 7 до 9 часот, излезноста била изненадувачки висока, околу 6 отсто. Слична е состојбата и на останатите избирачки места.

Гласањето на овие избори се спроведува со посебни задравствени протоколи, па поради тоа од 89 избирачки места во Охрид на кои денес се гласа на предвремените парламентарни избори, на 20 им се променети локациите заради почитување на здравствените протоколи, за што преку медиумите веќе неколку дена претходно информираа од ОИК.

Па, така промени има кај избирачкото место 1.251, кое беше сместено во наплатниот пункт на „Водовод“. Таму запишаните гласачи сега гласаат во просториите на ОУ „Св. Климент Охридски“. Гласачките места 1.254 и 1.254/1 од просториите на ЈП „Охридски комуналец“ на булевар „Туристичка“ се преместени во приземјето на новиот објект на „Градски пазар“. Избирачките места 1.259 и 1.259/1 кои досега беа во приватен објект на улицата „Егејска“ се преместени во просториите на ОУ „Братство Единство“.

Избирачкото место 1.260 од МЗ „Даме Груев“ е преместено во приватен објект во непосредна близина. Граѓаните кои гласаа во избирачките места 1.261 и 1.262 сместени во ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор сега гласаат во ОУ „Григор Прличев“, а оние кои гласаа во просториите на МЗ Кошишта на избирачкото место 1.264/1 сега гласаат во новиот објект на „Градски пазар“. Гласачките места 1.265 и 1.266 сместени во приватен објект на улица „Стив Наумов“, сега имаат локација ОУ „Братство Единство“ во Лескајца.

Оние граѓани кои гласаа во објектот на ЈЗУ Општа болница, односно избирачките места 1.269 и 1.272, се преместени во ОУ „Христо Узунов“. Избирачкото место 1.270 од просториите на НП „Галичица“ на улица „Галичица“ е преместено во ОМУ „Методи Патче“, а 1.276 од просториите на ЈП „Македонски шуми“ на улица „Јане Сандански“ е префрлено во гимназијата „Св. Климент Охридски“.

Избирачките места 1.281 и 1.281/1 од приватен објект на улица „Прва Македонска бригада“ се преместени во приватен објект кај Стобекс, 1.284 од Водостопанска организација „Охридско Езеро“ на улица „Живко Чинго“ е преместено во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а гласачките места 1.310 и 1.310/1 од приватен објект на улица „Хаџи Мустафа“ за овие избори се преместени во приватен објект на улица „Гоце Делчев“.

Во општина Дебрца, каде има 28 гласачки места, со евидентирани 4.422 гласачи и нема промени на гласачките места, бидејќи сите ги задоволуваат протоколите.

Изборниот процес непречено се спроведува територијата на Општина Струга, каде на 101 избирачкo местo ќе можат да гласаат вкупно евидентирани 60.810 лица со право на глас. Промени на локација во Струга има само на две избирачки места, информира ОИК Струга.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...