fbpx

Мерки на претпазливост за Иџет Мемети како второосомничен за примање поткуп

Во вторникот, за истиот случај, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30 дена притвор на врховниот судија Наке Георгиев, на кој Судскиот совет му го одзеде имунитетот

-

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје одреди мерки за претпазливост на Иџет Мемети, член на Советот на јавни обвинители и поранешен народен правобранител, за случајот за наводно примање поткуп, во кој првоосомничен за примање награда за противзаконито влијание е врховниот судија Наке Георгиев.

„На осомничениот му се опредлуваат мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т. 2 и 3 односно обврска на осомничениот повремено да се јавува на определено службено лице во судот и одземање на патна и друга исправа за напуштање на државната граница како и забрана за издавање нова“, соопштија од судот.

Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

Во вторникот, за истиот случај, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30 дена притвор на врховниот судија Наке Георгиев, на кој Судскиот совет му го одзеде имунитетот.

Сомнежите се дека Мемети заедно со Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, познат како „Боро Марлборо“. Георгиев бил фатен на дело кога ги прима парите – 10.000 евра. Дека му се бараат пари на Стојчев, во полиција претходно пријавил неговиот син.

Стојчев на функцијата градоначалник на Ново Село беше само една година и два месеци, по што беше разрешен поради поради обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница. Беше осуден на 18 месеци затворска казна која подоцна беше намалена на половина година.

Потоа, Стојчев во март годинава беше уапсен во голема акција „Чибук“ која ја спроведе Министерството за внатрешни работи. Уапсени беа уште девет луѓе за организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана. тој вчера спогодбено беше осуден во случајот за марихуаната. Според информациите од Кривичниот суд, дента кога беше уапсен Георгиев, тој претходно признал вина и се спогодил со обвинителството да одлежи 5 години и 3 месеци затвор, а судот ја прифатил спогодбата.

За врховниот судија Наке Георгиев 30 дена притвор, за Иџет Мемети се бараат мерки на претпазливост

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Весна Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука од Јетон Шаќири

Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност во Македонија, преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни,...