fbpx

Силни ветрови урнаа бина на митинг во Мексико, најмалку 9 загинати

Повредени се најмалку 60 лица, а меѓу загинатите има и дете

-

Силни ветрови урнаа бина на митинг во Мексико. Потврдени се најмалку девет загинати, меѓу кои и дете, како и најмалку 63 повредени, пренесува Би-би-си.

Несреќата се случи за време на говорот на претседателскиот кандидат Хорхе Алварез Мајнез во градот Сан Педро Гарза Гарсија, во близина на Монтереј. Мајнез не бил повреден во несреќата.

Се ширеа снимки по социјалните мрежи од моментот на несреќата каде се слуша силниот ветер и се гледа како одеднаш паѓа целата бина врз публиката.

Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор, како и другите претседателски кандидати изразија сочувство за семејствата на загинатите.

Кандидатот Мајнез најави дека ќе стави пауза на идните митинзи.

Инаку, Мајнез е кандидат од партијата Граѓанско движење која гравитира кон центар-лево. Според најновите анкети, тој е на трето место зад неговите противкандидати Клаудија Шејнбаум од владејачката партија Морена и Сочил Галвез од опозициската коалиција.

Мајнез се приклучи релативно доцна во претседателската трка поради несогласувања со неговиот сопартиец Самуел Гарсија, кој воедно е и гувернер на Нуево Леон, сојузната мексиканска држава во која се случи несреќата.

Гарсија сакал тој да е кандидатот на својата партија, но не сакал да се откаже од функцијата гувернер. Затоа Мајнез, менаџер на кампањата на Гарсија, го зел неговото место и официјално се кандидирал во јануари, четири месеци откако неговите противкандидати се кандидирале. Тоа што Мајнез претходно бил фигура зад сцените значи дека не ѝ многу познат на мексиканската јавност.

Дополнително, околу 200 јавни функционери, политичари и кандидати биле убиени или уценети во предизборниот период во Мексико. Досега немало пријавено инциденти на митинзи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД, Канада, Велика Британија и Јапонија ќе обезбедат 50 милијарди долари заем за Украина

САД, Канада, Велика Британија и веројатно Јапонија, ќе ги обезбедат средствата за заемот за Украина што беше договрен на Самитот на Г7 во Италија. Како што пренесува Ројтерс, италијанската...