Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Центар одбележува 188 години постоење

Основното училиште „Св. Кирил и Методиј” во Скопје работи непрекинато од 1836 година

Фото: Фејсбук профил на О. У. „Св. Кирил и Методиј“

Најстарото училиште во Maкедонија годинава одбележува 188 години постоење. Училиштето, кое со работа започнало во 1836 година, патрониот празник деновиве го одбележува со т.н. „Саем на среќно учење”.

„Наша заедничка цел е да ги мотивираме учениците да учат различно од класичното учење, изнудувајќи им радост по успешно реализирано истражување и надминување на тешкотиите преку игра, поттикнувајќи им задоволство од одлично завршената активност. Успехот доаѓа само тогаш кога среќата е безгранична“, велат во училиштето.

Оттаму подготвиле и видео материјал од активностите на учениците, кои го објавиле на нивниот профил на Фејсбук.

Основното училиште „Св. Кирил и Методиј” во Скопје работи непрекинато од 1836 година. Првото училиште во Скопје кое било ќелијно и се наоѓало во дворот на тогашната новоизградена црква „Св. Богородица”. Прв и главен учител бил Павле Хорват, Хиландарски монах од дебарскиот манастир. Со отворањето на училиштето за прв пат децата на жителите на Скопје можеле да учат на својот мајчин македонски јазик.