Интерокеански воз излета од шините во Мексико при што загинаа најмалку 13 лица, има над сто повредени
декември 29, 2025
Возот излетал од шините додека свртувал кривина во близина на градот Низанда, соопштија официјални лица
декември 29, 2025
Возот излетал од шините додека свртувал кривина во близина на градот Низанда, соопштија официјални лица
октомври 28, 2025
Американски напади врз осомничени бродови за трговија со дрога во источниот Пацифик убија 14 наводни трговци и оставија за сега потврдено само еден преживеан, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, пренесува Ројтерс. Во објава на Икс, Пит Хегсет рече дека мексиканските власти ја презеле операцијата за пребарување и спасување за единствениот преживеан од трите […]
јули 13, 2025
Европската унија и Мексико изразија длабоко разочарување поради заканата од претседателот на САД, Доналд Трамп, дека од 1 август ќе воведе 30 отсто царини на нивниот извоз во САД. Двете страни најавија дека се подготвени да одговорат со пропорционални контрамерки, но воедно порачаа дека се подготвени да продолжат со преговорите со Вашингтон, пишува Би-Би-Си. Мексико […]
јуни 26, 2025
Претседателката на Мексико, Клаудија Шеинбаум, најави можни правни чекори против компанијата SpaceX на милијардерот Илон Маск, поради, како што вели, загадување и отпад кој паѓа на мексиканска територија како резултат на ракетни лансирања од САД, пренесува Гардијан. На вчерашната прес-конференција, Шеинбаум изјави дека мексиканската влада прави „сѐопфатна ревизија“ на еколошките последици од лансирањата. Според неа, […]
март 4, 2025
Соединетите Американски Држави денес воведоа нови царини од 25 отсто за извозот од своите два најголеми трговски партнери, Мексико и Канада, и покрај тврдењата на двете соседни земји дека го намалиле нелегалното доселување и протокот на недозволени дроги во САД, како што бараше претседателот Доналд Трамп, пренесува Гласот на Америка. Американскиот лидер првпат ги најави […]
јули 26, 2024
Уапсен е Исмаил Замбада, познат по прекарот „Ел Мајо“, мексикански наркобоз, заедно со синот на неговиот поранешен партнер, Хоакин Гузман препознатлив под името „Ел Чапо“. Тие беа уапсени вчера во градот Ел Пасо во Тексас од страна на американските власти во еден од низата американски напори да се справат со мексиканските криминални дејствија. Замбада е […]
јуни 6, 2024
Светската здравствена организација (СЗО) информираше за смрт на маж од Мексико предизвикана од видот на птичји грип наречен H5N2 (Х5Н2), кој никогаш досега не бил пронајден кај човек. 59-годишниот маж, кој бил хоспитализиран во Мексико Сити, починал на 24 април откако развил треска, отежнато дишење, дијареја, гадење и општа непријатност. СЗО вчера соопшти дека не […]
јуни 3, 2024
Клаудија Шејнбаум победи на вчерашните претседателски избори во Мексико, со што стана првата претседателка на Мексико, пренесува Гардијан. Дополнително, таа е и првиот еврејски претседател на Мексико – нејзиното семејство потекнува од Литванија и Бугарија. Таа освоила најмалку 58 отсто од гласовите, според гласовите избројани досега. Шејнбаум е дел од партијата Морена, чиј основач е […]
мај 23, 2024
Силни ветрови урнаа бина на митинг во Мексико. Потврдени се најмалку девет загинати, меѓу кои и дете, како и најмалку 63 повредени, пренесува Би-би-си. Несреќата се случи за време на говорот на претседателскиот кандидат Хорхе Алварез Мајнез во градот Сан Педро Гарза Гарсија, во близина на Монтереј. Мајнез не бил повреден во несреќата. BREAKING: Stage […]
април 8, 2024
Милиони луѓе низ Мексико, САД и Канада ќе патуваат да го видат целосното затемнување на сонцето, кое ќе започне ова попладне, пренесува Гардијан. Затемнувањето прво ќе може да се види на западниот брег во Мексико, па ќе се „придвижи“ североисточно низ САД и Канада, по т.н. „патот на тоталноста“. Патот на сенката на месечината од […]
март 12, 2024
Тврдењето дека Мексико сака да се приклучи на БРИКС во 2024 година е невистинито и беше демантирано дека има ваква одлука од властите во Мексико, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На Фејсбук објава прикачена е фотографија од заедничка средба на лидерите на Мексико и Кина и напишан е […]
октомври 6, 2023
Администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден ќе изгради дел од ѕидот на границата меѓу Тексас и Мексико. Бајден изјави дека не сака да продолжи со градбата, но дека веќе биле одвоени средствата во 2019 за време на претседателството на Доналд Трамп, известува Би-би-си. Граничниот ѕид беше клучен дел од ветувањата на Трамп за време […]
март 1, 2023
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор во саботата објави фотографија на своите профили на социјалните мрежи на која, како што напиша, се гледало митолошко шумско суштество слично на елф, пренесе „Гардијан“. Не изгледа дека претседателот на Мексико се шегувал кога ја објави фотографијата на суштеството наречено алукс – дух на митолошко суштество кој е дел […]
јануари 17, 2023
Бројот на убиени новинари и медиумски работници е зголемен за 50 отсто во текот на 2022 година, објави УНЕСКО. Дури 86 новинари и медиумски работници биле убиени лани, при што најопасни делови од светот, според бројот на убиства, биле Латинска Америка и Карибите. Организацијата за наука образование и култура на ОН, УНЕСКО има мандат да […]
јануари 3, 2023
Седумнаесет лица се убиени во мексиканскиот државен затвор во градот Сиудад Хуарес кој се наоѓа на самата граница со Ел Пасо, Тексас, САД во операција која имала за цел да го ослободи лидерот на една од локалните банди, пренесе Асошиејтед Прес. При нападот од затворот избегале вкупно 25 затвореници. Секретарката за безбедност на Мексико, Роса […]
јули 10, 2022
Властите на Мексико Сити изјавиле дека очекуваат околу 300 илјади луѓе да присуствуваат на геј парадата, а пријавиле дека на истата присуствувале 250 илјади луѓе. Оттука нејасно е од каде излезе бројката посочена во постот од 800 милиони до една милијарда луѓе кои ја гледале геј парадата. За овие податоци во објавата на Фејсбук не […]
август 21, 2020
Стив Бенон, поранешниот советник – главен стратег на претседателот на САД, Доналд Трамп, е упасен вчера и обвинет за измама на „стотици илјади донатори“ во онлајн-кампања за собирање пари за изградба на ѕид долж границата на САД и Мексико, јавија американските медиуми. Бенон (66) е обвинет за измама заедно со тројца други поддржувачи на Трамп. […]
јуни 24, 2020
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Познатиот сервис за проверка на фактите polygraph.info […]
декември 20, 2017
Мексикански новинар е убиен за време на божикна приредба во основно училиште во градот Халапа, во сојузната мексиканска држава Веракруз. Како што соопштија безбедносните сили, неидентификувани напаѓачи го убиле 34-годишниот новинар Гумаро Перез Агиландо, додека ја следел приредбата на своето дете и тоа пред очите на десетици родители и деца. Гувернерот на Веракруз, Мигел Анхел […]
декември 19, 2017
Најмалку 12 лица загинаа во Мексико откако автобус со странски туристи се превртел автопат, јавуваат локалните медиуми. Меѓу повредените, најмалку седум се државјани на САД, а двајца на Шведска, соопштија властите на сојузната мексиканска држава Кинтана Ро. Мексиканските власти се уште го немаат утврдено потеклото на загинатите во несреќата. Сообраќајната несреќа се случила на патот […]