Објавен е трејлерот со приказна за експанзијата на Elden Ring

Оваа експанзија веќе се очекува да биде екстремно популарна и луѓето што ја оставиле Elden Ring на пауза, сега ѝ се враќаат да довршат сè што можат во играта пред да излезе експанзијата

Во исчекувањето на новата експанзија за Elden Ring, излезе Story Trailer за првата експанзија на Elden Ring со поднаслов Shadow of the ErdTree.

Ова видео го „хајпна” светот на игрите, односно е најпопуларното видео од сите вести за гејминг во моментов. Приказната за „Микела и Тарништ” воините продолжува со уште подобра графика и голем број предизвикувачки моменти.

За Elden Ring имаме повеќе написи и уште пред да излезе играта навивавме за неа како еден од најдобрите феномени во видео игрите воопшто. 

Експанзијата за Elden Ring -Shadow of the ErdTree излегува на 21 јуни 2024 година. Ако ја нарачате и платите предвреме на Steam или други платформи нема никакви дополнителни награди освен една, добивате нова гестикулација – emote за вашиот лик. 

Оваа експанзија веќе се очекува да биде екстремно популарна и луѓето што ја оставиле Elden Ring на пауза, сега ѝ се враќаат да довршат сè што можат во играта пред да излезе експанзијата. Доколку ја немате купено базичната игра, таа чини 60 долари, додека самата нова експанзија како додаток е 40 евра и веќе се продава во преднарачки.