Најавена e првата експанзија во изработка за Elden Ring наречена Shadow of the Erdtree. Според најавата на официјалниот твитер налог на играта, големото дрво Erdtree личи дека е уништено. Гејмерите почнаа да шпекулираат за сите информации што можат да се извлечат од фотографијата, но сè уште не се знае дали дејството ќе се одвива по настаните во играта или пред нив.
Rise, Tarnished, and let us walk a new path together.
An upcoming expansion for #ELDENRING Shadow of the Erdtree, is currently in development.
We hope you look forward to new adventures in the Lands Between. pic.twitter.com/cjJYijM7Mw— ELDEN RING (@ELDENRING) February 28, 2023
На фотографијата се гледа и ликот Микола што го јава коњот на главниот јунак – Торент. Бидејќи во играта ја среќавате нејзината сестра која ве води низ приказната, а Микола само се спомнува како личност осудена да биде вечно млада -од тука е и шпекулацијата дека дејството можеби може да биде и сместено во времето пред настаните од оригиналната игра.
Мора да се напомене дека ништо од ова не е сигурно, но гејмерите сакаат да комбинираат свои фан-теории. Додека други информации освен твитот и нема.