fbpx

Не е вистина дека Германија и НАТО испраќаат 90 илјади војници на фронтот со Русија

Видеото кое го споделува објавата, а кое е од прес-конференција на германскиот генерал Карстен Бројер, може да се најде на Јутјуб од 24 април 2024 година. Од видеото станува јасно дека генералот Бројер зборува за германската вежба Quadriga 2024 и НАТО вежбата Steadfast Defender 24

-

Тврдењето дека НАТО и Германија испраќаат 90 илјади војници на фронтот со Русија, е погрешно. Станува збор за најголемата воена вежба на НАТО членките која почна во јануари 2024 година и заврши во мај 2024 година. Видеото кое го споделува објавата, а кое е од прес-конференција на германскиот генерал Карстен Бројер, може да се најде на Јутјуб од 24 април 2024 година. Од видеото станува јасно дека генералот Бројер зборува за германската вежба Quadriga 2024 и НАТО вежбата Steadfast Defender 24, пишува Вистиномер

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Објава на Фејсбук изнесува низа невистини и лаги за НАТО и Европската Унија, за вредностите за кои овие две организации се залагаат и воедно погрешно тврди дека НАТО и Германија праќаат 90 илјади војници на фронтот со Русија.

AЈДЕ АИРЛИЈА
Со ГОДИНИ ви КАЖУВАВ вие не ВЕРУВАТЕ ок ваше ПРАВО 😡
‼️ЕСЕГА ВИ #КАЖУВАМ СОБЕРЕТЕ СИ ГИ НАЈМИЛИТЕ И #ГЛЕДАЈТЕ СЕ #ГУШКАЈТЕСЕ СЕ #ЗОШТО затоа што територијата наречена СЕВЕРЏАНИЈА е дел од сатанско НАТО и педофилска ЕУ и ТАКА сте легитимна ЦЕЛ на #РУСКИТЕ БАЛИСТИЧКИ 🚀
‼️А вие пак не #ВЕРУВАЈТЕ 😡
‼️Толку #БЕШЕ
‼️од педофилска ЕУ
‼️Вие македонци само седете во џерманија, стои во објавата.

Во прилог на објавата е споделено кратко видео со опис:

НАТО и Германија испраќаат 90 илјади војници на фронтот со Русија.

Ова тврдење е погрешно, односно нема такво нешто. Станува збор за најголемата воена вежба на НАТО членките која почна во јануари 2024 година и заврши во мај 2024 година. Во вежбата учествуваа 90 илјади војници од земјите членки на НАТО и тие никако не беа пратени на фронтот со Русија.

Алијансата оваа недела ги започна „Непоколеблив бранител 24“ (Steadfast Defender 24), нејзините најголеми воени вежби од Студената војна. Во текот на следните месеци, околу 90 илјади воен персонал на НАТО ќе учествуваат во низа вежби низ Европа, како оние што беа видени во Романија во 2023 година. Вклучени се 50 поморски бродови, осумдесет авиони и над илјада борбени возила, објави Гласот на Америка на 26 јануари 2024 година.

Видеото кое го споделува објавата, а кое е од прес-конференција на германскиот генерал Карстен Бројер, може да се најде на Јутјуб од 24 април 2024 година. Од видеото станува јасно дека генералот Бројер зборува за германската вежба Quadriga 2024 и НАТО вежбата Steadfast Defender 24.

Како дел од големата вежба на НАТО Steadfast Defender, копнените сили на Бундесверот ја демонстрираат својата одбранбена подготвеност во случај на сојуз со „Квадрига 2024“. Тоа ќе биде „најголемиот маневар на одбранбената алијанса во последните децении“, рече американскиот генерал Кристофер Каволи по состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел по повод лансирањето на Steadfast Defender во февруари, стои во описот под видеото на Јутјуб.

Генералот Карстен Брејер (генерален инспектор на Бундесверот) и генерал-полковник Александар Солфранк (командант на Заедничката команда за поддршка и овозможување (JSEC)) ќе ја претстават вежбата „Квадрига 2024“ во понеделник наутро (22 април 2024 година). Бундесверот ќе учествува на во Steadfast Defender 24 со вежбата „Квадрига 2024“, се додава во описот.

Значи не станува збор за никакво испраќање војници на НАТО на рускиот фронт, ниту пак, има некаква војна на НАТО со Русија, како што постојано се прави обид тоа да се претстави, што пак е добро познат руски дезинформациски наратив, кој Вистиномер  многупати досега има пишувано.

Објавата, исто така, потенцира наводни вредности на ЕУ и НАТО кои воопшто не кореспондираат со вредностите за кои се залага ЕУ и причините поради коишто постои НАТО, а сè со цел да се сатанизираат овие две организации. Вакви објави во кои лидерите на НАТО се прогласуваат за „сатанисти“ не се новитет, туку се дел од добро испланирана пропагандна машинерија која го промовира овој наратив за да ја оцрни Алијансата. Во минатото беа злоупотребувани фотографии за да се излаже јавноста дека светски лидери на НАТО се сатанисти, а Вистиномер веќе пишуваше за тоа овде.

Веќе подолг период се води пропаганда против Западот и НАТО и се сатанизира оваа организација без аргументи. Ова особено се интензивираше откако НАТО  ја осуди руската брутална и непровоцирана воена агресија кон Украина, која е независна и демократска држава и близок НАТО партнер. НАТО и сојузниците продолжуваат да ѝ даваат на Украина поддршка во нејзиното неспорно право на самоодбрана.

Пропагандниот наратив со говор на омраза „педофилска Европска Унија“, исто така, опстојува во интернет просторот со цел дискредитација на ЕУ, иако вредностите за кои се залага ЕУ не може да бидат подалечни од легализација на педофилијата. Напротив, тоа е кривично дело во сите држави на ЕУ.

Според конвенцијата за заштита на правата на децата, во 34 точка се наведува дека владите мора да ги заштитуваат децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, вклучително и од луѓе кои ги принудуваат децата да имаат секс за пари, или ги фотографираат на неприкладен начин или ги снимаат. Детската порнографија се казнува и е кривично дело во цела Европа.

Поради сето погоре, објавата ја оценуваме како невистинита, односно погрешна.

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В среда стартува Балканскиот етно фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2024

Со концертниот настап на македонскиот гитарист Мухамед Ибрахими во НУ Завод и музеј Битола на 17 јули, среда, со почеток во 20.30 ч. започнува 18-то издание на Балканскиот етно...