недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Иџет Мемети | 21 резултати

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

мај 21, 2024

Случајот со апсењето на врховниот судија Наке Георгиев следело по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираа од Јавното обвинителство. Георгиев е уапсен, а донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано […]

Одземен му е имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев, одобрено барањето за притвор

мај 21, 2024

Судскиот совет вчера на седницата одржана на полноќ му го одзеде имунитетот на судијата на Врховниот суд Наке Георгиев, го одобри барањето за одобрување притвор и времено го отстрани од вршењето на судиската функција. На новинарите вчера не им беше дозволено да ја следат седницата, односно јавноста беше исклучена поради заштита на угледот и интегритетот […]

Пандемијата со ковид-19 го забави унапредувањето на правата на лицата со попреченост

декември 3, 2020

Непристапноста на информациите поврзани со ковид-19, затворањето на дневните центри за поддршка, неприлагоденото учење на далечина, како и невозможноста за социјално дистанцирање за лицата зависни од поддршка при извршување на секојдневни функции, се само дел од проблемите кои го зголемија предизвикот на секојдневниот живот на лицата со попреченост насекаде во светот. Ова го истакнуваат од […]

Иџет Мемети: Нема граѓански права со партизирана администрација

март 21, 2019

„Едноставно, не може некој административец да одлучи дека во наредните три дена нема да работи и дека предметите ќе почне да ги решава следната недела… Ова не е измислен случај“, вели народниот правобранител Иџет Мемети во интервју за „Мета“. Тој посочува дека граѓаните имаат најмногу поплаки на правосудството, работните односи, денационализацијата, социјалата и потрошувачките права, […]

Народниот правобранител уште добива претставки за стечај и за денационализација

март 20, 2019

И после повеќе од две децении се уште имаме проблеми со стечајот, но и со денационализацијата, која одамна требаше да биде завршена, вели народниот правобранител Иџет Мемети за „Мета“. Кон крајот на минатата година институцијата примила повеќе од 300 претставки за стечајот на Охис од поранешни вработени во некогашната фирма. – Тие изразија сомнеж во […]

Тетово е на второто место според бројот на претставки до Омбудсманот

декември 18, 2018

Над 370 претставки од Тетово се доставени до канцеларијата на народниот правобранител во 2017 година. Десет отсто од вкупните претставки се однесуваат на локалната власт. Граѓаните најчесто се жалат на деталните урбанистички планови, загаденоста, комуналните услуги, данокот на имот – информираат од невладината „Инфоцентар“. Тие во соработка со народниот правобранител Иџет Мемети и општина Тетово, […]

Мемети: Полицијата го прекршила правото на имунитет при приведувањето на пратениците

декември 28, 2017

Полицијата го повредила правото на пратeнички имунитет и начелото на презумпција на невиност при приведувањето на тројцата пратеници на 28 ноември, годинава, како дел од 36-мината осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, констатирал Народниот правобранител. Според Омбудсманот, полицијата во случајов не го почитувала Правилникот за начин и вршење на полициски работи. На денешниот […]

Говорот на омраза е сè поприсутен, вели народниот правобранител

ноември 6, 2017

Со жалење морам да констатирам сè поголем говор на омраза во последните години, што е многу загрижувачко и ги повикувам институциите тоа да се спречува, рече народниот правобранител Иџет Мемети, презентирајќи го годишниот извештај за состојбата со човековите права во Македонија во 2016 година. Правобранителот истовремено алармираше за огромна партизираност на институциите. – За жал, […]

Народниот правобранител отвори телефонски линии за пријавување изборни нерегуларности

октомври 13, 2017

В недела на 15 октомври, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, од 7 до 19 часот ќе бидат отворени за граѓаните за пријавување изборни нерегуларности. Освен лично во канцелариите, граѓаните нерегуларности ќе може да пријават […]

Серијата реплики и прашања од ВМРО-ДПМНЕ ја забави собраниската седница

јули 11, 2017

Третото продолжение на шестата седница на Собранието траеше многу кратко и таа е повторно прекината без некаков прогрес во однос на вчерашното, второ, продолжение на седница. Дискусијата за четвртата точка, расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, мина во знакот на долги реплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, вкупно осуммина, и […]

Сарачини: Во независна Македонија ниту едно лице не е казнето за говор на омраза

мај 16, 2017

Ниту едно лице или група не е санкционирана за говор на омраза, а ваквата култура на неказнивост им дава храброст на прекршители да изразуваат говор на омраза, претежно преку социјалните мрежи, кој преминува во дискриминација, велат учесниците на конференцијата „Граѓанското општество во акција за еднаквост“. Петрит Сарачини од невладината отганизација „Цивил“, смета дека е крајно […]

Мемети: Сè уште имаме нефункционални и исполитизирани институции

март 30, 2017

Сè уште имаме исполитизирани и нефункционални институции, кои спроведуваат и партиски агенди, истакнал денеска народниот правобранител Иџет Мемети, на презентацијата на годишниот извештај за степенот на почитување, унапредување и заштита на човековите права и слободи во 2016 година, пренесува „Нова ТВ“. Според Мемети, во сферата на почитувањето и на заштитата на човековите права, минатата година […]

Мемети: Кај нас граѓаните не ги штити процедура и систем

февруари 19, 2017

Општите препораки кои произлегуваат од состојбите за разните области остануваат во фиоките на Собранието, кое не сака или е доведено во ситуација да не може да врши контрола врз извршната власт, вели Народниот правобранител Иџет Мемети во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. -Општите препораки кои произлегуваат од состојбите за разните области остануваат во фиоките […]

Омбудсманот предупреди да не се употребуваат деца во изборната кампања

декември 2, 2016

Народниот правобранител Иџет Мемети соопшти дека отворил постапка за злоупотребување деца од страна на политичка партија. На новинарско прашање за вклученост на деца во предизборните кампањи, народниот правобранител рече дека досега има неколку јавувања на граѓани и на вработени по однос на прекршување на изборното право за време на кампањата. – По наша иницијатива, имаме […]

Народниот правобранител ги потсети граѓаните на остварување на нивното избирачко право

ноември 20, 2016

Во пресрет на предвремените парламентарни избори на 11 декември, Народниот правобранител ги потсети граѓаните за важноста на избирачкото право и начинот на остварувањето и заштитата на ова право. Народниот правобранител Иџет Мемети упати апел до институциите и сите други за обврската и за одговорноста за создавање реални услови за овозможување, почитување и остварување на избирачкото право […]

Омбудсманот ги повика партиите да не го злоупотребуваат МВР

март 27, 2016

Народниот правобранител, Иџет Мемети оцени дека петочната полициска акција во Арачиново и Липково имала за цел да го заплаши населението и додаде дека вчерашната изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски била конфузна, јавува „Алсат-М“. Според Мемети, неприфатливо е полициските акции да траат со денови, а населението да на знае што се случува. – […]

Мемети: Институциите немаат волја за спроведување на прописите

ноември 29, 2015

Институциите во Македонија немаат волја да ги спроведат прописите и законите, да се справат со предизвиците, да ги решaваат проблемите и тоа е главниот проблем, вели народниот правобранител, Иџет Мемети, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. „Ние во Република Македонија, во парламентарна демократија формиравме посебно јавно обвинителство, тоа доволно говори на кое ниво сме. […]

Страна 1 од 1