fbpx

Омбудсманот предупреди да не се употребуваат деца во изборната кампања

-

Народниот правобранител Иџет Мемети соопшти дека отворил постапка за злоупотребување деца од страна на политичка партија. На новинарско прашање за вклученост на деца во предизборните кампањи, народниот правобранител рече дека досега има неколку јавувања на граѓани и на вработени по однос на прекршување на изборното право за време на кампањата.

– По наша иницијатива, имаме отворено една постапка во однос на злоупотреба на децата за настан во училиште од страна на една политичка партија, каде што децата биле принудени да следат и да мора да учествуваат каде што не треба да учествуваат. И оттука беше моето предупредување до политичките партии, додека трае кампањата да не ги злоупотребуваат, да не ги вклучуваат децата – изјави Мемети.

Народниот правобранител ги предупреди политичките партии да не ги злоупотребуваат и да не ги вклучуваат децата додека трае изборната кампања, а до медиумите апелираше дека доколку има такви сцени, да не ги објавуваат.

Мемети рече дека имало неколку јавувања на граѓани и на вработени во јавната администрација во однос на прекршување на нивното изборно право за време на кампањата.

– Освен три покрупни претставки во однос на заплашување, имаме неколку и за слабата работа на Државната изборна комисија – додаде Мемети.

Мемети денеска присуствуваше на промоцијата на Извештајот од спроведеното истражување за вклученоста на децата со посебни потреби во редовното образование заедно со заменик-претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ, Елспет Ериксон, во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...