fbpx

Бојан Јовановски и Зоран Милевски добија по 30 дена притвор заради поткуп и перење пари

-

На бизнисменот Зоран Милевски и менаџерот на телевизијата „1ТВ“ Бојан Јовановски им е одреден 30-дневен притвор, поради тоа што од страна на Јавното обвинителство се сомничат дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Јовановски и за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Првоосомничениот Јовановски („Боки 13“), зел 1,5 милиони евра од лице под истрага, за да му ја олесни положбата преку влијание кое го има кај јавен обвинител. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага.

По синоќешниот распит во Кривичен суд, и на Јовановски и на Милевски судот им одреди 30-дневен притвор.

Обвинителката Вилма Русковска вчера на прес-конференција истакна дека се водела предистражна постапка од 2 мај, при која се собрани повеќе вербални и материјални докази за да се отвори истражна постапка по кривична пријава. Биле користени и ПИ-мерки, а дејствијата се случувале од ноември 2018 до април 2019 година.

Синоќа исто така, на специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева ѝ бил одземен мобилниот телефон. Според Русковска, мобилниот и е одземен за да се утврди дали има евентуалната поврзаност со Јовановски.

Вчера, Бојан Јовановски и Зоран Милевски беа уапсени на граница, а Јанева депонираше оставка.

Според СДСМ актуелниот случај покренат од Обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.

„Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...