среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: поткуп | 106 резултати

Катица Јанева во вторник ќе дава исказ за „Рекет“ кај Русковска

август 16, 2019

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е повикана да даде исказ за предметот „Рекет“ во обвинителството во вторник, во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи обвинителката Вилма Русковска. Сведочењето на Катица Јанева следува неколку дена по објавувањето на снимените разговори од италијанскиот весник „Ла Верита“, во кои се […]

На Боки 13 и Зоки Кичеец им е продолжен притворот за нови 30 дена

август 13, 2019

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје постапувајќи го предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција им го продолжи притворот за нови 30 дена на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец. „По разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот […]

Ла Верита со нови аудио снимки за „Рекет“ – тврди дека се слуша и Катица Јанева

август 9, 2019

Италијанскиот дневен весник „Ла Верита“, кој вчера на својата веб-страница го објави видеото на кое се гледа како Боки 13 заминува откај Орце Камчев со „Луј Витон“ чанта во која наводно има огромно количество евра, денеска објави нови аудио снимки од разговори и дружење на Боки 13, Орце Камчев и Зоки Кичеец, а според весникот, […]

Бојан Јовановски и Зоран Милевски добија по 30 дена притвор заради поткуп и перење пари

јули 16, 2019

На бизнисменот Зоран Милевски и менаџерот на телевизијата „1ТВ“ Бојан Јовановски им е одреден 30-дневен притвор, поради тоа што од страна на Јавното обвинителство се сомничат дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Јовановски и за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. Првоосомничениот Јовановски („Боки 13“), зел 1,5 […]

Груевски: Чавков е жртва на личната одмазда на Заев за „Поткуп“

март 13, 2019

Поранешниот премиер кој се наоѓа во бегство во Будимпешта, преку „Фејсбук“ напиша дека синоќешното апсење на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и прогонот против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот „Поткуп“ . Чавков синоќа беше приведен поради сомневања на Основното јавно обвинителство дека тој имал намера […]

Обвинувања за „грчки платеници“ во Албанија, новинарите демантираат

октомври 24, 2018

Неколку онлајн-медиуми предизвикаа контроверзи во Албанија, откако објавија список со наводни платеници кои добивале пари од грчката влада, главно за да се цензурираат и потиснуваат какви било пишувања за Чамите, односно етничките Албанци од северозападна Грција. Дел од прозваните, меѓу кои има и новинари и поранешни пратеници, веднаш ги демантираа ваквите тврдења, велејќи дека станува […]

Тезите за поткуп на пратениците пласирани и на бугарски левичарски портал

октомври 24, 2018

Бугарскиот левичарски портал „Поглед“ се приклучи на редицата онлајн-медиуми што ги објавија шпекулациите за притисоци и поткуп на пратениците во македонското Собрание. Притоа статијата објавена вчера пренесува шпекулации појавени уште од пред гласањето за почеток на уставните измени во Собранието во петокот. Статијата се повикува на информативната агенција на англиски јазик „Мина“ и на Миленко […]

Заев: Дали има мнозинство ќе се види на гласањето, но нема поткуп

октомври 9, 2018

Не се нудат пари на пратениците за да гласаат за уставните измени, а најдобрата опција во моментот е Собранието, а не предвремени избори, порача премиерот Зоран Заев пред новинарите денеска. Тој рече дека дали има двотретинско мнозинство за да се направат уставните измени ќе се види дури во процедурата во парламентот, но изрази оптимизам дека […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев за поткуп при избори

септември 18, 2018

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, за како што наведуваат, повик на поткуп при избори на јавен митинг во Крива Паланка. Од партијата истакнуваат дека тоа е спротивно на чл. 160 и чл. 162 од Кривичниот законик. -Ја поднесовме кривичната пријава од причина што јавниот обвинител не постапи согласно […]

Обвинителство ќе продолжи да го истражува случајот за поткуп за посвојување

јули 27, 2018

Oсновното јавно обвинителство Скопје соопшти дека ја продолжува постапката за обвинувањата за поткуп при посвојување деца, која ја почна по допрен глас. Станува збор за случајот за кој беше направен телевизиски прилог, во кој оштетената објави дека и бил побаран поткуп за да посвои дете, а откако одбила да го направи тоа, била експресно обвинета […]

Руска амбасада: Заев и Шекеринска шират русофобија, очекуваме истрага за изјавите

јули 17, 2018

Руската амбасада вчеравечер реагираше со соопштение за наводите од премиерот Зоран Заев дека бизнисмени од Русија финансирале антивладини протести. Заев тоа го кажа во интервју за „BuzzFeed News“ и потоа го повтори како одговор на новинарско прашање на почетокот на изградбата на фабриката на американската „Дура“ во Бунарџик. Од амбасадата сметаат дека станува збор за […]

Грција ќе протера двајца руски дипломати поради обиди да се поткопа Договорот за името

јули 11, 2018

Грчката влада донела одлука да протера двајца руски дипломати и да забрани влез на двајца други, обвинувајќи ги за обиди да се вмешаат во внатрешните работи на Грција, како и да го поткопаат Договорот за името со Македонија, известува грчкиот весник „Катимерини“. Дипломатите се товарат за обиди да се извлечат и да се протуркаат информации, […]

Заев: Не може да се очекува уставна промена за било кое име

мај 21, 2018

Среќен сум затоа што добив ослободителна пресуда и конечно ја докажав мојата невиност и дочекав правда, рече премиерот Зоран Заев по објавувањето на пресудата за случајот „Поткуп“. Тој побара од институциите јавно да ја објават целата снимка од ПИ-мерките и рече ако му ја достават, тој самиот ќе ја објави за да се види дека […]

Зоран Заев доби ослободителна пресуда во случајот „Поткуп“

мај 21, 2018

Кривичниот суд денеска донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев за кривичното дело примање поткуп. Судијата Дарко Тодоровски од Основниот суд Скопје го ослободи Заев од обвинение. Во читањето на пресудата судијата Тодоровски наведе дека обвинителството не успеало да докаже дека Заев додека бил градоначалник на Струмица сторил кривично дело примање поткуп од 160.000 евра […]

Денеска пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

мај 21, 2018

Денеска се очекува Кривичниот суд да ја објави пресудата за предметот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев. Според обвинението, Заев додека бил градоначалник на Струмица од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев побарал поткуп од 160.000 евра за продажба на земјиште во струмичко. На минатото рочиште обвинителката Валентина Бислимовска побара измена на правната квалификација и […]

Обвинителството го преквалификува обвинението за Заев во „Поткуп“

мај 15, 2018

Обвинителството денеска го преквалификува обвинението против Зоран Заев од „примање поткуп“ во „барање пари како поткуп“, а снимката која кружеше на „Јутјуб“ под името „Едно евро за Вицето“ е отфрлена како доказ. На завршните зборови во случајот „Поткуп“ во кој на Заев му се суди под наводи за примање поткуп, беше сменето обвинението, со што […]

Снимката од „Поткуп“ се репризираше во судницата, завршни зборови на 15 мај

мај 9, 2018

Деловите од снимката за наводните договарања од случајот „Поткуп“ на премиерот Зоран Заев кои беа објавени на „Јутјуб“ денеска беа пуштени во судницатa на Кривичниот суд, јави МКД. Судот констатираше дека постојат три прекини на снимката, а потоа го праша Заев дали е тоа неговата канцеларија. Обвинетиот премиер потврдно одговори и дополни дека снимката е […]

Заев вели дека во ПИ-мерките немало поткуп, судењето продолжува на 30 април

април 16, 2018

На денешното двочасовно рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, без присуство на јавноста, во Кривичниот суд беа преслушани сите разговори обезбедени со Посебни истражни мерки (ПИМ) и беа прочитани и СМС-пораките. По завршувањето на рочиштето Заев рече дека ниту во разговорите ниту пак во СМС-пораките немало договарање поткуп. – Апсолутно […]

Јавноста исклучена, во судница се слушаат прислушувани разговори за „Поткуп“

април 12, 2018

На судењето на случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, во судницата се слушаат прислушувани разговори кои со употреба на посебни истражни мерки биле обезбедени во истрагата за овој случај, објави „Фокус“. Поради тајноста на овие докази, а на кои се слуша гласот на Заев, јавноста беше исклучена од рочиштето. Засега е непознато […]

Во Македонија перцепцијата за корупција е висока, ама ретко се гони

март 30, 2018

Граѓаните на Македонија сметаат дека живеат во една од најкорумпираните држави во Европа. И покрај тоа, податоците покажуваат дека кога станува збор за активна борба против ова општествено зло, напорите на органите на прогонот се незначителни. Споредено со трендовите во борбата со корупцијата во земјите од регионот, резултатите во Македонија се поразителни. Ако се споредат, […]

Страна 2 од 6