Приведен вработен во Државен пазарен инспекторат поради примање поткуп во радовишко

Тој вчера од двајца жители на радовишко примил 3.000 денари – пари кои претходно ги побарал од нив за да не констатира прекршок согласно своите должности

-

Инспектор вработен во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), инаку од радовишкото село Подареш, вчера бил лишен од слобода од страна на полицијата во Радовиш. Тој е приведен поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“.

Инспекторот бил вработен во ДПИ во Одделението за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш.

Тој вчера од двајца жители на радовишко примил 3.000 денари – пари кои претходно ги побарал од нив за да не констатира прекршок согласно своите должности.

„На 21.11.2023 осомничениот од двајца жители на радовишко примил 3000 денари, кои претходно ги побарал од нив за да не констатира прекршок согласно Законот за изменување и дополнување на законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, односно за да не преземе службено дејствие кое бил должен да го изврши“, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во моментот кога е лишен од слобода, кај 33-годишниот К.Ѓ. од Подареш биле пронајдени парите што ги примил како поткуп.

Од дополнително преземените мерки, полицијата утврдила дека тој во периодот од јуни до ноември годинава во повеќе наврати од жители на Радовиш и радовишко примил пари во вкупен износ од 18.000 денари и 150 евра како поткуп.

Во еден случај примил поткуп за да не констатира прекршок по извршен надзор, а во останатите случаи поткупот го примил со цел да не изврши надзор кој бил должен да го изврши.

Инспекторот е задржан во полициската станица во Радовиш, а против него е најавена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...