вторник, 12 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: пуч | 165 резултати

Во Турција обвинети уште 2.700 државни службеници

декември 24, 2017

Во Турција обвинети се уште 2.756 државни службеници поради наводна поврзаност со терористички групи, соопштија денеска турските власти. Владата на Турција соопшти дека меѓу обвинетите се 637 припадници на војската, 360 припадници на жандармеријата, 150 професори и други припадници на академската заедница. По минатогодишниот обид за државен удар во Турција, околу 50.000 лица се уапсени, […]

Уредникот на „Џумхуријет“ осуден на затворска казна за порака на „Твитер“

ноември 21, 2017

Турскиот суд го осуди уредникот на интернет-изданието на опозицискиот весник „Џумхуријет“, Огуз Гувен, на три години и еден месец затвор врз основа на обвинението за прибегнување кон „терористичка пропаганда“, соопшти денеска весникот. Гувен е обвинет поради порака на „Твитер“, во која е јавено дека во сообраќајна несреќа загина обвинител што го поднел првото обвинение против мрежата […]

Африканската унија не го признава пучот во Зимбабве

ноември 16, 2017

Африканската унија денеска соопшти дена не го признава воениот удар во Зимбабве и повика на почитувањето на уставот. – Повикуваме на почитување на уставот, враќање на уставниот поредок и никогаш нема да прифатиме воен удар – рече Алфа Конде, претседател на Гвинеја и претседавач на Африканската унија. Војската вчера презеде контрола над Зимбабве, а претседателот […]

Уапсени 60 припадници на безбедносните служби во Турција

ноември 16, 2017

Турските власти уапсиле 60 поранешни припадници на безбедносните служби, осомничени за поврзаност со неуспешниот воен удар. Властите издале налог за апсење на 100 поранешни припадници на безбедносните служби во акција, чиј фокус била Анкара, но е спроведена и во други 30 провинции. Се верува дека осомничените се поврзани со турскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го […]

Во Турција почна судењето на новинарите на кои им се заканува доживотна казна

септември 18, 2017

Во Турција почна судењето на турските новинари и медиумски работници кои се обвинети дека го поддржуваат Фетулах Ѓулен. На обвинетите, кои негираат дека се виновни, им се заканува доживотен затвор. На списокот на обвинети има 31 новинар, односно медиумски работник, а им се суди поради нивната наводна поврзаност со неуспешниот обид за воен пуч во […]

Врховен ја одложи за понеделник седницата за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

септември 14, 2017

Врховниот суд денеска го разгледа барањето на Специјалното јавно обвинителство за заштита на законитоста за пресудата за шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костовски, но од технички причини ја одложи за понеделник седницата на која требаше да се расправа за барањето за заштита на законитоста во однос на случајот „Талир“, во кој двапати беше побарано замрзнување на имотот […]

Врховен суд на 14 септември ќе одлучува за пресудата на Звонко Костовски

септември 4, 2017

Советот на Врховниот суд на 14 септември ќе расправа по барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство во случајот „Пуч“ за пресудата на шестообвинетиот Звонко Костовски, објави „Судство“. Костовски потпиша спогодба со обвинителството и се согласи на издржување затворска казна од три години. Според СЈО, неопходно е да се направи ревизија на правосилната […]

Во Турција продолжена вонредната состојба уште за три месеци

јули 17, 2017

Вонредната состојба во Турција е продолжена уште за три месеци, речиси една година откако беше воведена поради обидот за државен удар кој се случи на 15 јули минатата година. Парламентот го прифати барањето на владата на Турција да се продолжи вонредната состојба воведена по неуспешниот пуч. Според соопштението на канцеларијата на премиерот Бинали Јилдрим, кабинетот побарал […]

Турците вчера пред да телефонираат мораа да го слушаат Ердоган

јули 16, 2017

Обидот да се повика мобилен број во Турција вчера доведуваше до неочекуван соговорник – гласот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По вртењето на бројот, пред да почне воспоставувањето на врската, повикувачот првин ја слушаше снимената аудиопорака од претседателот, а дури по нејзиниот крај почнуваше вртењето на бројот, јавуваат турските медиуми. Во пораката, Ердоган им […]

Повеќе од милион луѓе во Истанбул на годишнината од обидот за пуч

јули 16, 2017

Повеќе од еден милион Турци во Истанбул синоќа беа на гигантскиот собир наречен „Епопеја на победата за демократија“, со кој беше одбележана првата годишнина од обидот за државен удар, што се случи на 15 јули лани. Мостот над Босфор, наречен Мост на мачениците на 15 јули, кој е долг 1,5 километар, беше исполнет со луѓе, а […]

ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство за убиените во обидот за државен удар во Турција

јули 16, 2017

ВМРО-ДПМНЕ изразува најдлабоко сочуство за сите што ги загубија животите при обидот за државен удар во Република Турција, посочуваат од партијата во соопштение. „Сликите и снимките од минатогодишниот 15 јули засекогаш ќе останат врежани во сеќавањата не само на турскиот народ, туку и на сите кои имаат посебна почит и симпатии кон Турција. Република Турција и […]

Во Турција се одбележува годишнина од неуспешниот пуч

јули 15, 2017

Во Турција денеска се одбележува првата годишнина од неуспешниот обид за државен преврат. Според турските власти, организацијата ФЕТО на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, прогласена од безбедносните структури за терористичка, е одговорна за пучот извршен ноќта на 15 спроти 16 јули минатата година. Претседателот Реџеп Таип Ердоган објави вчера дека во државата ќе почне „национално демократско […]

Костовски: Судството за време на СДС го допре дното

мај 7, 2017

„СДС еднаш веќе го имаше унакажано и целосно партизирано судството со реизбор на 600 судии, кои ги имаа поминато нивните партиски филтри“, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за „Радио Слободна Европа“. Според него, судството тогаш го допрело дното. „Сега Заев сака да го […]

Столтенберг ја повика Турција целосно да ја почитува правната држава

април 27, 2017

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика Турција целосно да ја почитува правната држава, по новиот бран апсења во земјата поврзани со обидот за пуч извршен минатата година во јули. – Сигурно дека Турција има право да се брани и да ги гони тие што стојат зад обидот за државен удар, но тоа мора да го […]

Јанева и Аневски следната недела ќе ја договараат динамиката за „Пуч“

февруари 14, 2017

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски имаа кратка средба во врска со преземањето на списите и документацијата од предметот „Пуч“ од страна на Советот. Ова го соопшти Аневски по завршување на средбата. Тој рече дека со Јанева разговарале околу динамиката за преземање на предметот, но беше нејасен […]

СЈО ќе му ги достави документите за „Пуч“ на Советот на јавни обвинители

февруари 1, 2017

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе одговори на барањето и на Советот на јавни обвинители во најкраток можен рок ќе му ги достави списите и документацијата од предметот „Пуч“, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму велат дека станува збор за обемна документација, чија подготовка за доставување била во тек. „По однос на барањето на Советот на […]

Костовски: Заев е виновен за „Пуч“, има цврсти докази против него

јануари 28, 2017

Зоран Заев знае дека е виновен за случајот „Пуч“ и има цврсти докази против него и против Зоран Верушевски, и затоа втора недела молчи за аболицијата што му ја подари Катица Јанева, исто како што молчеше и за случајот „Глобал“, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека „со оваа одлука СЈО и Катица […]

Турција бара ново судење за војниците што побегнаа во Грција

јануари 27, 2017

Официјална Анкара побара ново судење на осумте војници што побегнаа во Грција по неуспешниот воен удар во Турција, соопшти шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу. – Бараме ново судење за осумте војници. Тоа е политичка одлука. Грците штитат пучисти – рече Чавушоглу за „ТРТ Хабер“. Врховниот суд на Грција вчера донесе одлука да не се екстрадираат осумте […]

Адвокатите на Заев го добиле решението од судот за запирање на постапката за „Пуч“

јануари 23, 2017

Адвокатскиот тим на Зоран Заев го добил решението од Кривичниот суд за формално запирање на постапката за случајот „Пуч“, откако Специјалното јавно обвинителство донесе одлука за откажување од обвинението. Ова денеска го потврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој рече дека очекува наредните денови и тој да го добие решението од судот. И од Специјалното […]

Милошоски: Порано или подоцна, Заев и Верушевски ќе одговараат за тоа што го сториле

јануари 23, 2017

Со одлуката за повлекување од предметот „Пуч“, Катица Јанева се постави во улога на суд, излегувајќи од сопствените ингеренции и почна сама да ги суди и да ги цени доказите за да му помогне на обвинетиот Зоран Заев, рече на денешната прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. – Целата јавност, како и госпоѓата Катица Јанева и нејзиниот штитеник, […]

Страна 1 од 9