fbpx

Костовски: Судството за време на СДС го допре дното

-

„СДС еднаш веќе го имаше унакажано и целосно партизирано судството со реизбор на 600 судии, кои ги имаа поминато нивните партиски филтри“, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за „Радио Слободна Европа“.

Според него, судството тогаш го допрело дното.

„Сега Заев сака да го реализира истото сценарио само за да се спаси од одговорност за криминалот што го правел. Заев мисли дека доколку во судовите постави партиски послушници, тие ќе го амнестираат исто како што Бранко Црвенковски го аболираше за криминалот во „Глобал“, тежок осум милиони евра, или како што Катица Јанева го спаси од одговорност во случајот ’Пуч’“, додаде Костовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...