fbpx

СЈО ќе му ги достави документите за „Пуч“ на Советот на јавни обвинители

-

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе одговори на барањето и на Советот на јавни обвинители во најкраток можен рок ќе му ги достави списите и документацијата од предметот „Пуч“, потврдија за „Мета“ од СЈО.

Оттаму велат дека станува збор за обемна документација, чија подготовка за доставување била во тек.

По однос на барањето на Советот на јавни обвинители за доставување на списите и на документацијата за постапувањето по предметот „Пуч“, Ве известуваме дека, со оглед на фактот што се работи за навистина обемна документација, во тек се подготовки на списите и на документацијата и тие во најкраток можен рок ќе бидат доставени до Советот на јавни обвинители“, стои во одговорот на СЈО на нашето прашање дали ќе му ги достават на Советот на јавни обвинители списите од предметот „Пуч“.

Советот на јавни обвинители вчера соопшти дека минатата недела, до СЈО и од Кривичниот суд во Скопје испратил барање да му ги достават списите од „Пуч“, „заради разјаснување и согледување на дејствата преземени од јавниот обвинител (Катица Јанева, н.з.)“.

СЈО на 18 јануари годинава соопшти дека се откажува и го повлекува обвинението за случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите беа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, бидејќи фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт била во спротивност со доказите со кои располага СЈО, како и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.

Предметот „Пуч“ СЈО го презеде од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во декември 2015 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...