вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Кривичен суд | 306 резултати

За Беким Незири и уште тројца Кривичен суд определи мерки за претпазливост

6 јануари 2024

Кривичниот суд определи мерки за претплазливост четири лица поврзани со случувањата во М-НАВ, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер и советник на директорот на М-НАВ, кои се  осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Според соопштението од Судот, овие четири лица, заедно со уште други четири лица кои се во бегство, упаднале во […]

Петто рочиште со вештакот за несреќата со автобусот на „Дурмо турс“, некои од перничињата на осовината биле испукани

20 април 2023

Судењето за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ што се случи во 2019 година во скопско Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени, денес продолжи во Кривичниот суд – Скопје. Како и на претходните 4 рочишта, беше сослушан и вешакот Зекирја Зекири, кој заедно со неговите 3 колеги […]

Осум дена пред да му застари делото на Мијалков, Апелација ќе одлучува за „Титаник 2“

28 март 2023

Само осум дена пред да му застари делото на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, Апелацискиот суд закажа јавна седница за предметот „Титаник 2“. „Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека јавната седница пред судот, по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник“, е закажана за ден […]

Даравелски е на слобода, кривичното дело застаре

14 март 2023

Кривичниот суд ја запре постапката против ексдиректорот на Царинската управа, Драган Даравелски, бидејќи настапила апсолутна застареност за кривичното дело, соопштија денеска од судот. Toj беше осуден за злоупотреба на службената положба во Царината во периодот од 1999 до 2002 година, за направени штети од повеќе од два милиони евра. Како што е наведено во објавеното […]

Марјан Стаменковски од „Доказ“ не чувствува вина, адвокатот очекува ослободителна пресуда

10 март 2023

На денешното судење против сопственикот на веб-порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, сведочеа двете новинарки од „Фокус“, Валентина Вурмо и Ирена Мулачка, а судењето се одвиваше зад затворени врати, без можност да присуствуваат новинарите, со цел да се заштити приватноста на жртвите. Текстовите кои беа објавувани на „Доказ“ содржеа обвинувања и навреди за двете новинарки, кои подоцна […]

Бошкоски откако одлежа 5 години затвор, ослободен е за случајот „Кампања“

22 февруари 2023

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда во повтореното судење за случајот „Кампања“, во кој беше обвинет за нелегално финансирање на изборите како лидер на партијата Обединети за Македонија, во 2011 година. Бошкоски беше осуден дека земал пари за кампањата од странски државјанин кој во процесот беше и еден од клучните сведоци. За овој случај, Бошкоски веќе […]

Мијалков спроведен во Кривичен суд за делото „Титаник 2“

26 декември 2022

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска беше спроведен од затворот во Струга, во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Рочиштето беше закажано за 22 декември, но заради техничка грешка во комуникацијата на судот со затворот, Мијалков не беше спроведен. Тој се гони за противзаконско влијание во изборните нерегуларности […]

Една година затвор за полицаец кој малтретирал физичко лице

27 јуни 2022

Основниот Кривичен суд, на 30 мај донесе пресуда со која го прогласи обвинетиот Г.П., униформиран полициски службеник вработен во СВР Битола за виновен и го осуди на казна затвор во траење од една година, информираат во Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права. Како што соопштуваат, Основниот кривичен суд, по […]

Три судски случаи од СЈО се враќаат на почеток по разрешувањето на судијата Бошевски

6 јули 2021

Судскиот совет на 377. седница го разреши судијата Горан Бошевски од Кривичниот суд Скопје, a oбразложението за неговото разрешување е поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е оддалечен од вршење на судиската функција. Поради неговото разрешување, три судски случаи кои ги започна Специјалното јавно обвинителство, а ги презема Јавното обвинителство, се […]

Мијалков останува во притвор, бидејќи судот ја одби понудената гаранција од 10 милиони евра

20 мај 2021

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Кривичен суд – Скопје го одби како неоснован предлогот на одбраната на Сашо Мијалков за укинување на мерката притвор со понудена гаранција од 10,871,170,00 евра. Кривичниот суд соопшти дека Советот, по проучување на списите во предметот, смета дека сè уште постојат причини поради кои […]

Определен 30 дневен притвор на бизнисменот Орце Камчев за предметот „Плацеви на Водно“

14 март 2021

По барање на Обвинителството за организиран криминал, судија по претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на бизнисменот Јордан-Орце Камчев осомничен во предметот „Плацеви на Водно“. Тој ќе биде спроведен во истражниот затвор „Шутка“. Претходно, Камчев утринава бил приведен во полициската станица-Карпош и по приведувањето бил упатен во Кривичниот суд во Скопје, на распит пред […]

Пребеганиот Груевски осуден на уште 1,5 година затвор, вкупно треба да одлежи 3,5 години во македонските затвори

29 септември 2020

Четири години откако беше поднесено обвинението, поранешниот премиер, бегалец од правдата, Никола Груевски е осуден на една и пол година затвор и за случајот „Насилства во општина Центар“. Со првата пресуда од 2 години затвор, севкупно пребеганиот поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски треба да одлежи 3,5 години во македонските затвори. Покрај Груевски, на условна […]

Зоран Милевски – Кичеец од судот добил упатен акт да оди во затвор за случајот „Рекет“

21 септември 2020

Еден од осудените во случајот „Рекет“, Зоран Милевски – Кичеец добил упатен акт и датум од Кривичен суд кога и во кој затвор да се појави за да ја издржи затворската казна од три години. Кривичен суд не го открива точниот датум која тој треба да се јави во затвор. Милевски има можност да бара […]

Поднесено обвинение за Фросина Ременски, Јасна Мандиќ и таткото на Бојан Јовановски

3 јануари 2020

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска во Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт за случајот „Меѓународен сојуз“ против пет лица и тоа заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, пратеничката Фросина Ременски како и самиот […]

Јанева и Боки 13 остануваат во притвор, одбиени барањата за укинување на мерката

22 октомври 2019

Основниот кривичен суд Скопје ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет“. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј., поднесени […]

Новите лица осомничени во „Рекет“ повикани во Кривичниот суд

10 октомври 2019

Лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост во врска со случајот „Рекет“ денеска се повикани во Основен кривичен суд Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка. – Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно […]

Притворот за Јанева е продолжен за уште 30 дена

18 септември 2019

Кривичниот суд денеска ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена. – Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година […]

Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

16 септември 2019

Кривичниот суд во Скопје ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. „Заради интерес на повеќе медиуми околу мерката за обезбедување присуство за С.Ј. кој по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 19 март 2019 година се наоѓа во куќен притвор, ја информираме јавноста дека […]

ЗНМ бара да се повлече обвинението против Кежаровски

20 мај 2019

Откако Врховниот суд го врати предметот за новинарот Томислав Кежаровски на повторно судење, денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли, обвинението против новинарот. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, соопшти дека утрово ја разгледале одлуката на Врховниот суд за […]

Притвор за возачот и сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци

15 март 2019

Судот прифати три од шесте барања за притвор на Основното јавно обвинителство за автобуската несреќа кај Ласкарци минатиот месец кога животот го загубија 15 патници. Притвор добија возачот кој возел со недозволена брзина, сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и раководителот. „Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор за шест лица и мерки […]

Страна 1 од 16